Храната која содржи висок процент на шеќери може да влијае на општото здравје и при појава на метаболитно нарушување соодветно и на здравјето очите на неколку начини:
Појава на Дијабет: Конзумацијата на храни кои содржат високи количини на шеќер може да доведе до предиспозиција за развој на дијабет, посебно тип 2 дијабет. Дијабетот може да има негативно влијание врз очите и да предизвика разни проблеми како што се дијабетична ретинопатија и дијабетичeн макуларен едем (оток на центарот за јасен вид то ест жолтатата точка), кои доведуваат до анатомско и функционално пореметување и соодветно до намалување и/или губење на видот. Исто така кај лицата со Дијабет многу почесто и порано се јавува катаракта (перде на очите).
Гликемиски индекс: Храната со висок гликемиски индекс, како на пример белите брашна и шеќери, може да доведе до нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта. Овие скокови на нивото на шеќерот може да предизвикаат привремени проблеми со видот кај одредена група на луѓе.
Прекумерната конзумација на храни кои содржат висок процент на јаглехидрати може да испровоцира воспалителни состојби во телото. Овие воспалителни состојби можат да влијаат на здравјето на очите и да предизвикаат разни проблеми Антиоксиданти: Храната која е богата со антиоксиданти, како на пример витамините A, C и E, Лутеин и Зексантин може да помогне во одржувањето на здравите очи .
За да го одржите здравјето на вашите очи, важно е да ја балансирате вашата исхрана, да избегнувате прекумерни количини на шеќер и да се грижите за вашето здравје. Редовните прегледи кај офталмолог можат да помогнат во раната детекција на проблеми со видот и да ви помогнат да го одржите здравјето на вашите очи.