ПРОМЕДИКА ОФТАЛМОЛОГИЈА Е ВРВНА ОФТАЛМОЛОШКА КЛИНИКА КОЈА РАСПОЛАГА СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО РЕГИОНОТ И Е СЕКОГАШ ВО ЧЕКОР СО НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ. ХИРУРГИЈАТА НА КАТАРАКТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ.
ПОГЛЕДНИ ГО ПОСЛЕДНОТО
ПРОМЕДИКА СПИСАНИЕ
Нашиот тим
Тимската работа е способност да работиме заедно кон заедничка визија, способност да ги насочиме индивидуалните достигнувања кон организациските цели. Тоа е горивото кое им овозможува на обичните луѓе да постигнат невообичаени резултати.
Д-р Наум Трпеноски
Др. Наум Трпеноски специјализира офталмологија на клиниките за очни болести во Скопје и Белград, Србија. Работи 12 години во ГОБ 8 Септември и е пионер на операцијата за катаракта со ултразвук во државното здравство. Ја прави првата операција со ултразвук во државното здравство во Македонија на 6 октомври 2010 година, во Градската општа болница 8 Септември, Скопје. Потоа ги прави првите операции на катаракта со ултразвук во Битола, Куманово и Струмица. Извршува операции и во болниците во Прилеп и Штип. Магистер е по здравствен менаџмент и доктор на науки од област на медицина - биомедицина. Во својата кариера има оперирано преку 10,000 пациенти од катаракта. По потекло е од Вевчани и е горд на своето потекло.