Дали знаете што е бролуцизумаб? Тоа е лек кој се користи за лекување на неоваскуларна (влажна) сенилна макуларна дегенерација, една од водечките причини за губење на видот во поодминатите години. Бролуцизумаб делува така што го инхибира васкуларниот ендотелен фактор на раст (VEGF), помагајќи да се контролира абнормалниот раст на крвните садови во окото. Ако Вие или некој што го познавате е засегнат од влажна сенилна макуларна дегенерација, прашајте ги специјалистите од Промедика Офталмологија за бролуцизумаб и неговите потенцијални придобивки!
Сенилна макуларна дегенерација или AMD (Age-related macular degeneration) претставува болест на окото каде се замаглува централниот вид. Се појавува со возраста и предизвикува оштетување на центарот за јасен вид (макула – жолта точка) и е една од водечките причини за нарушен вид кај возрасни пациенти.