Сенилна макуларна дегенерација или AMD (Age-related macular degeneration) претставува болест на окото каде се замаглува централниот вид. Се појавува со возраста и предизвикува оштетување на центарот за јасен вид (макула – жолта точка) и е една од водечките причини за нарушен вид кај возрасни пациенти.
Дијабетичен макуларен едем (ДМЕ) е компликација на дијабетична ретинопатија и е состојба која се карактеризира со оток во центарот за вид (макула).