Погледнете ја оваа информативна статија за Анти VEGF терапијата кај ретинални состојби и оклузии на ретинални вени од д-р Наташа Гинева, специјалист офталмолог.
Оклузиите на ретиналните вени се втората најчеста причина за губење на видот во западниот свет. Анти-VEGF терапијата има за цел да ја подобри клиничката слика на пациентите кои страдаат од оклузии на ретиналните вени. Терапијата придонесува за намалување на централниот оток како и неоваскуларизација и ризикот од компликации.
Прочитајте за да дознаете повеќе за дијагнозата, компликациите и третманот на оваа состојба.
Сенилна макуларна дегенерација или AMD (Age-related macular degeneration) претставува болест на окото каде се замаглува централниот вид. Се појавува со возраста и предизвикува оштетување на центарот за јасен вид (макула – жолта точка) и е една од водечките причини за нарушен вид кај возрасни пациенти.
Дијабетичен макуларен едем (ДМЕ) е компликација на дијабетична ретинопатија и е состојба која се карактеризира со оток во центарот за вид (макула).