Нова студија покажа дека сувото око може да стори многу повеќе од тоа да ги направи вашите очи црвени и иритирани. Сувото око кај некои луѓе може да го отежне извршувањето на секојдневните активности, додека кај други се појавува чувство на голема болка и страдаат од изнемоштеност, депресија и анксиозност. Во оваа студија детално е истражувано како е отежнат животот на 30 милиони луѓе во САД кои страдаат од болеста суво око.
Сувото око е често извор на фрустрација и за лекарите и за пациентите. Оваа болест е доста комплексна и до нејзино појавување може да доведат повеќе причини кои не секогаш е лесно да се разграничат. Експресијата на симптомите кај секој пациент е различна. Некои пациенти не покажуваат знаци на болест на дијагностичките тестови, а се чувствуваат лошо, додека пак други имаат позитивен тест за суво око, но се чувствуваат добро.
Иако секоја личност различно го чувствува и опишува сувото око, сепак има некои вообичаени симптоми:
- Заматен вид
- Чувство на печење и пецкање
- Чувство на сувост во очите
- Чувство како да има ,,нешто’’ во окото
Сувото око се настанува кога окото не произведува доволно солзи или кога квалитетот на солзите не може да ја одржи површината на окото соодветно влажна. Често се јавува во склоп и на други системски болести. Фактори од околината, како загадувањето или времето може да играат улога при појавата на оваа болест. Некогаш може да биде предизвикано и од лекови, како што се антихистаминиците, лекови против астма или апчиња за контрацепција. Исто така и модерниот начин на живот игра улога во влошувањето на симптомите како подолга работа пред компјутер, подолго гледање телевизја или носењето на контактни леќи.
Важно е пациентите слободно да комуницираат за симптомите кои ги чувствуваат, а офталмолозите – лекари специјалисти за медицинска и хируршка нега на очите – треба подобро да го разберат влијанието на сувото око врз квалитетот на животот на нивните пациенти.
За да се помогне во разбирањето на симптомите на суво око, како и влијанието на квалитетот на животот, се спровела студија на околу 1000 луѓе со суво око кои одговориле на прашалник за перцепција на нивното визуелно и целокупно здравје, па резултатите биле споредувани со одговорите на луѓе кои немаат суво око.
Пациентите со суво око го рангирале квалитетот на животот значително понизок, во споредба со оние без оваа болест. На нив им било потешко да извршуваат едноставни задачи од секојдневниот живот, како што се употреба на компјутер или облекување. Исто така болката која што ја чувствувале во очите им отежнувала да воспостават позитивен и пријателски однос со други луѓе. Пријавиле дека чувствувале поголема вознемиреност, депресија и полошо целокупно здравје во однос на луѓето без суво око.
,,Не е дека само пациентите се жалат на симптомите. Научно и систематски го доловивме индивидуалното искуство и докажавме дека болеста на суво око го менува и животот на пациентите’’, заклучил главниот истражувач Ипек Озер Стилман.
Поради тоа не дозволувајте симптомите на суво око да влијаат на квалитетот на вашиот живот. Закажете веднаш преглед и третман кај вашиот офталмолог: http://promedikaoftalmologija.mk/zakazi_pregled.html