На 13.04.2024 се одржа првиот заеднички и воедно најголем офталмолошки симпозиум на Промедика и Систина Офталмологија насловен “Новитети во Офталмологијата во Македонија и во светот” во хотел DoubleTree by Hilton. Симпозиумот беше во организација на единствената групација на 2 очни болници со 4 дијагностички центри низ земјата – Промедика и Систина Офталмологија.
На симпозиумот присуствуваа над 200 гости меѓу кои беа офталмолози од Македонија и од регионот вклучувајќи ги и докторите кои се на специјализација за офталмологија. Освен предавачи од Македонија, на симпозиумот имаше и предавачи од соседните држави и од Европа.
Симпозиумот беше одобрен и акредитиран од Лекарската Комора на Македонија со највисок број на можни бодови за предавачите како и за слушателите.
Главен фокус на симпозиумот беа новитетите во офталмологијата во Македонија и во светот како и размена на најновите и најдобрите практики во офталмологијата. Симпозиумот се состоеше од 5 сесии.
Првата сесија беше катарактната хирургија во која д-р Наум Трпеноски, д-р Златко Арнаудовски, д-р Ивана Петковска, д-р Ристо Трајковски, д-р Дамјан Кепески и д-р Давид Симоновски го споделија нивното искуство како и искуството на нивните пациенти низ изминатите години.
Потоа следеше втората сесија “Рефрактивна Хирургија” во која Доц. д-р Билјана Костовска предаваше на тема миопија – рефрактивен предизвик додека пак д-р Илир Османи ја дискутираше споредбата на ефектите од различните мултифокални леќи врз видната острина како и задоволството на пациентите по операција на катаракта.
По кратка пауза, започна третата сесија “Детска офталмологија и страбизам”. Д-р Викторија Филева ја започна сесијата со претставување на нашиот најнов оддел од 150 м2 за детска офталмологија и страбологија кој е воедно и единствен во регионот, лоциран во центарот на градот – во Промедика Офталмологија. По најавувањето на новиот оддел, таа имаше и нејзино предавање кое вклучуваше презентација за хируршкиот третман на страбизам во Систина Офталмологија и приказ на случаеви.
Следната сесија беше “Медикал ретина” и во истата ги презентираа и споделија своите искуства и знаења д-р Фанка Гилевска, д-р Владо Попоски, д-р Златко Чипуровски. Исто така беа дискутирани најновите трендови кои се применуваат во нашите очни болници вклучувајќи и успешните резултати од примена на истите.
Последната сесија беше посветена на хируршка ретина. Предавачи на оваа сесија беа Доц. д-р Билјана Костовска, д-р Ненад Петровиќ, д-р Илир Османи и д-р Татјана Јосифова.
Погледнете слики и дел од атмосферата: