Дали по операција на катаракта може повторно да се појави истата?
Не! По операција на катаракта (перде) не е можно повторно да дојде до појава на катаракта, бидејќи за време на оперативниот зафат со помош на ултразвук од капсуларната ќесичка се отстранува природно заматената леќа (перде) и на истото место се имплантира вештачка чиста интраокуларна леќа.
Меѓутоа кај одреден број на пациенти постоперативно може да дојде до заматување на таа капсуларна ќесичка и тоа се нарекува секундарна катаракта (второ перде) или опацификација на задната капсула.
Постепеното заматување на таа задна капсула води до намалување и замаглување на видот и истото не претставува компликација на самата операција, туку е постоперативна состојба која се третира амбулантски со YAG ласер и самата постапка е брза, безболна, бесконтактна и неинвазивна.
Пред интервенцијата се започнува со ширење на зеницата со помош на капки, а во текот на интервенцијата пациентот има задача да гледа во црвено светло кое доаѓа од самиот апарат. Целиот третман трае речиси 5 минути, а ефектот е видлив веднаш по завршувањето благодарение на ласерскиот сноп кој прави мал отвор во централниот дел на задната капсула каде е присутно заматување и повторна појава не е можна.
Пациентот веднаш си заминува дома и без никакви ограничувања си продолжува со секојдневните активности, но со многу подобар вид од претходно.
Доколку сте веќе оперирани од катаракта, но чувствувате нелагодност и повторно заматување на видот закажете преглед во нашата установа “Промедика Офталмологија” .