Често пати дел од пациентите се жалат на “грчење” на очните капаци, тоа всушност претставува стегање кое може да трае пократок или подолг временски период. Овие несвесни тикови резултираат со мали движења на горниот или долниот очен капак и настануваат одеднаш. Најчестите грчеви на очните капаци се безопасни, мали и не влијаат на видната острина. Постојат одредени невролошки проблеми кои може да се поврзат со оваа состојба, блефароспазам и хемифацијален спазам. Овие појави имаат тенденција да предизвикаат затварање на очните капаци кое може да трае и подолг временски период ограничувајќи го или целосно блокирајќи го видот. Кај повеќето пациенти оваа појава е кратка, но доколку се јавува почесто и трае подолго од вообичаеното постојат неколку чекори кои може да ги преземете за да истите се намалат:
- Спијте почесто, бидејќи ова “грчење” често се поврзува лицата кои се премногу уморни и имаат брз животен стил.
- Елиминирајте го стресот од вашето секојдневие или пронајдете активности кои ќе ве ослободат од истиот
- Намалете го кофеинот кој како стимуланс може да предизвика “грчење” на очните капаци
Проверете дали имате синдром на суво око, бидејќи често пати иритирани и суви очи може да доведат до “грчење” на очните капаци
Доколку имате зачестено “грчење на очните капаци” посетете го вашиот офталмолог, а испитувањето на синдром на суво око како и негов третман можете единствено да го направите во Промедика Офталмологија.