Промедика Офталмологија
Промедика Офталмологија Промедика Офталмологија

Ул. Св. Кирил и Методиј бр.50, п.фах 122, 1000 Скопје

Пон – Пет : 08:00 - 16:00

+389 2 3122 120; +389 71 301 301

Промедика Офталмологија Промедика Офталмологија
  • Почетна
  • Кабинети
    • Кабинет за катаракта
    • Кабинет за ласерска корекција на видот
    • Кабинет за слабовидност и детска офталмологија
    • Кабинет за суво око
    • Кабинет за глауком и ласерски интервенции
    • Кабинет за заден сегмент
  • Технологија
  • Новости и статии
  • Ценовник
  • Упатство за хирургија на катаракта
  • За нас
  • Контакт

Новости, статии и видеа

  1. Промедика Офталмологија
  2. Новости и статии
  3. Статии
  4. Дијабетична ретинопатија (ДР)

Дијабетична ретинопатија (ДР)

18/04/2023 by Promedika Oftalmologija

Дијабетот е често ендокринолошко заболување што се карактеризира со зголемени вредности на шеќерот во крвта. Нерегулираниот дијабетес доведува до зголемен морбидитет кои ги зафаќа големите крвни садови (срцевите) и малите крвни садови (вклучувајќи ги оние на окото т.е. ретиналните) како и нервите, а со тоа и зголемен морталитет. Секој дијабетичар може да развие ДР зависно од:

  • Времетраењето на дијабетесот,
  • Дали е добро регулиран истиот,
  • Тип 1 или тип 2 на дијабетес,
  • Висината на крвниот притисок,
  • Нивото на маснотии во крвта,
  • Употреба на алкохол, цигари
  • Состојба на бременост
  • Раса …

Облици

Постои непролиферативна и пролиферативна ДР. Нејзиното раното откривање помага во преземање на понатамошните мерки за спречување на болеста, која крајно може да доведе до слепило.

 Сл.1Нормална ретина / Дијабетична ретинопатија

Симптоми на ДР

Тие можат да бидат од благи до остро изразени и се манифестираат како:

  • замаглување на видот,
  • намалување на видот,
  •  појава на црни флотирачки точки во видното поле (при крварења) ,
  • оштетување на видот при читање и вршење на секојдневните активности,
  • болка и зголемување на интраокуларниот притисок (кај понапредните стадиуми),
  • одлепување на мрежницата,
  • до тотално слепило

Сл.2 Шематски приказ на промените во окото зафатено од дијабетес

Најчестата причина за намалување на видот кај ДР е

Дијабетичен макуларен едем (ДМЕ)

Тој е компликација на ДР и е состојба која се карактеризира со оток во центарот за вид (макула). Макулата е централниот дел од мрежницата и се наоѓа во позадината на окото, а е одговорна за централниот и колорниот вид, како и за фините детали.

Симптомите на макуларен едем се:

  • Заматен централен вид
  • Дисторзија на сликата (правите линии се искривуваат)
  • Промена во колорниот вид
  • Губиток на видот во понапредните стадиуми

ДМЕ настанува поради собирање на течност во макулата како резултат на оштетените крвни садови (капилари) и самиот по себе не е болест туку симптом на една метаболна состојба.

Дијагнозата на ДМЕ се поставува преку:

  • Тестирање на видна острина
  • Тестирање со Амслерова решетка
  • Преглед во широка зеница
  • ОЦТ (оптичка кохерентна томографија)
  • ФФА (фундус флуоресцеинска ангиографија)

Сл.3.Нормална макула

Сл.4. Дијабетичен макуларен едем

Лекувањето е најчесто со примена на Анти – ВЕГФ инјекција која има за цел блокирање на протеин познат како васкуларен ендотелијален фактор на раст кој е неопходен за раст на нови крвни садови (ангиогенеза).

Анти ВЕГФ медикаментите се инјектираат во окото за да го спечат создавањето на абнормалните крвни садови и собирање на течност во центарот за вид. Опоравувањето од ДМЕ е споро и е потребно и неколку месеци.

 Сл.5 Апликација на анти ВЕГФ во очното јаболко

Ласерската фотокоагулација (LFK) , пак, е модерна и ефикасна метода и се применува за стабилизирање на развојот на ДР со која се третира мрежницата на окото т.е. нејзините крвни садови.

Сл.6 Ласер фотокоагулација на ретина

Секако, за најтешките случаи на пролиферативна ДР со крварења и одлепување на ретината, резервиран е хируршкиот пристап со витректомија.

 Сл.7 Парспланавитректомија

Лекувањето на овие пациенти претставува модерен приоритет, а успешноста на третманот секако зависи и од степенот на оштетување на ретината, видот и регулацијата на дијабетесот, крвниот притисок, нивото на холестеролот и триглицеридите во крвта, односно потребна е целокупна строга метаболна контрола за резултат како и интердисциплинарен пристап во лекувањето на ваков пациент со развој на овој вид на компликација, особено ако се знае дека дијабетесот сѐ повеќе ги погаѓа младите луѓе поради стекнатите лоши навики (лоша, брза исхрана, сѐ повеќе седечка позиција, како и низа еколошки и културни фактори).

Поради тоа раното откривање на болеста е непроценливо. Секој кој има дијабетес, независно дали има или нема симптоми, должен е редовно да посетува офталмолог.

Мр. Др. Гордана Златева

Tags: дијабетесдијабетичнаретинопатија
  • Share
  • Tweet
  • Linkedin
Слични објави
Офталмолошки прегледи на деца
Офталмолошки прегледи на деца
06/11/2023 by Promedika Oftalmologija

ШТО ПРЕТСТАВУВА УВЕИТИС
ШТО ПРЕТСТАВУВА УВЕИТИС
02/06/2022 by marko

Увеитис е воспаление на увеата, сместена помеѓу ретината и белката на окото. Воспалението на средниот дел на очното јаболко содржи...

Д-р Наум Трпеноски
Д-р Наум Трпеноски
Очен хирург

Важно е кој ќе ве оперира!

Нашиот тим
Категории
  • Видеа (12)
  • Новости (6)
  • Статии (32)
Новости, статии и видеа
  • Влијание на шеќерот врз здравјето на очите

    16/11/2023

  • Д-р Наум Трпеновски – Ласерска корекција на диоптрија

    07/11/2023

  • КОНЈУНКТИВИТИ (воспаленија на сврзницата)

    07/11/2023

Tag Cloud
katarakta lasik notouch technolas teneo testimonial transprk ангиографија анти болести вегф вид витамин влажна дегенерација дијабетес емисија здравје интраокуларни корективна ласер ласерска леќи макуларна мултифокални наум око операција офталмологија оцт очи очни промедика ретинопатија рефрактивна рожница сенилна синдром слепило суво телевизија третман трпеноски ффа хирургија
logoweb
Промедика Офталмологија

Гледајте подобро - живејте подобро!

Локација

Ул. Св. Кирил и Методиј бр.50, п.фах 122, 1000 Скопје

E: [email protected]

+389 2 3122 120

+389 71 301 301

+389 70 267 200

Работно време

Пон - Пет - 08:00 - 16:00

16:00 - 08:00 - на повик

Саб - Нед - на повик

Политики и обрасци
Политика на приватност
Политика за остварување на правата
Барање за ограничување, пренос или приговор
Барање за пристап, исправка и бришење

© Промедика Офталмологија. Сите права се заштитени.