При редовните офталмолошки прегледи можеби вашиот офталмолог ви дијагностицирал дека имате Arcus senilis, па се запрашувате што претставува тоа?
Arcus senilis престатвува бел или светло сив прстен околу работ на рожницата кој содржи липиди (холестерол). Овој прстен може да направи да изгледа како вашиот ирис да е со две бои, но тоа не е така бидејќи настаната е промена само на бојата на рожницата. Оваа појава е честа кај повозрасната популација.
Arcus senilis e асимптоматски и не го нарушува видот, тоа преставува само појава и третман не е потребен.