Кога станува збор за споредба помеѓу transPRK и LASIK денес, нештата се секако поинакви. Модерниот transPRK без сечење и без допир не е споредлив со изворниот PRK метод од 1990-тите. Исто така, transPRK е побезбедна операција од LASIK.
Пред 15 години, 90% од случаите би биле LASIK, а само 10% од случаите би биле PRK. Денес тој сооднос е сосема обратен. Можеме да ги правиме и двете процедури, користејќи ја најновата опрема, бидејќи ги имаме сите ласери и сета друга опрема потребна за тоа. Па тогаш зошто transPRK?
Одговорот е едноставен: наука. TransPRK денес е многу различен од техниката која беше позната како „PRK“ во раните 1990-ти, а нашето разбирање за рожницата – и она што ласерската рефрактивна хирургија го прави на рожницата – во денешно време е многу понапредно.
Дозволете ни да разоткриеме неколку митови во врска со модерната PRK.
Мит 1: PRK предизвикува значително поголема болка од LASIK
Една од предностите што LASIK некогаш ги имаше во однос на PRK беше тоа што предизвикуваше помала болка неколку дена по операцијата, но тоа повеќе не е случај благодарение на напредокот во модерното управување со болка во последните 15-30 години. Кога прегледуваме пациенти 24 часа по операцијата, на кои штотуку им е оперирано едното око, склерата е бела како и неоперираното око, а пациентите или пријавуваат мала или никаква болка. Исто така, вреди да се напомене дека transPRK го избегнува стругањето на епителот од рожницата со сечило. Денешниот transPRK не ја допира рожницата со ништо друго освен ласерска енергија („операција без допир“, no-touch).
Мит 2: На PRK му требаат недели за да се подобри видот
Ова повеќе не е така. Нашиот excimer ласер од најновата генерација teCHNOLAS® TENEO™ 317 Model 2 е светлосни години понапред од ласерите во раните 2000-ти. Технологијата толку многу напредна во однос на тоа како ја обликуваме рожницата; TransPRK со TENEO™ сега остава далеку помазна површина што предизвикува помалку воспаление и резултира со побрз одговор на заздравување. Тоа исто така значи дека визуелното закрепнување е значително побрзо од претходно: обично, нашите пациенти гледаат до 60% на 2-риот ден, а честопати достигнуваат дури и 80-100% на 4-тиот ден.
TransPRK е исто толку ефикасен како и LASIK во корекција на вашиот вид (на крајот на краиштата го користи истиот excimer ласер). Но, најважната причина зошто преферираме transPRK е фактот што остава посилна рожница. Сѐ е до безбедноста. А transPRK е побезбедна операција од LASIK.
Факт: transPRK е побезбедна операција од LASIK
Нема дебата: резултатите го докажуваат тоа. PRK ја остава рожницата посилна од LASIK. Отстранувањето на ткивото од рожницата со ласер ја ослабува – иако нормално, рожницата има голема способност за регенерација. LASIK вклучува правење капак во рожницата (слично како што се прави со отварач за конзерва) што го изложува долниот дел од рожницата, која потоа се ласерира. Капакот се репозиционира – но откако ќе се исече, повеќе не придонесува за јачината на рожницата. Во PRK, ласерот започнува да го обликува ткивото директно на површината од рожницата – не е потребен капак, и од наше досегашно искуство знаеме дека тоа ја остава рожницата посилна.
Зошто е важна јачината на рожницата?
Една од најстрашните компликации на ласерската рефрактивна хирургија е „ектазија“ – каде што рожницата е премногу ослабена од операцијата, до точка каде што се бори да ја задржи содржината на окото под притисок. Рожницата почнува прогресивно да се испакнува, што го прави видот сѐ полош и полош. Во 90% од случаите, LASIK е одговорен за ова, а не PRK. Се разбира, постои третман кој се состои од вкрстено поврзување на рожницата, што го третира ова, но цврсто веруваме дека е подобро да се спречи отколку да се лекува. Како што рекол Хипократ: „Прво, не правете штета“.
Двете процедури за ласерската рефрактивна хирургија се многу безбедни. Ризикот од проблеми (загрозувачки за видот или други) е многу мал. Сепак, сметаме дека ако можете да го избегнете ризикот, зошто да ризикувате? Ова е причината зошто, освен ако нема добри причини да се изврши поинаква процедура, веруваме дека transPRK е најдоброто решение за повеќето пациенти. Нуди најдобра можна корекција на видот – исто како LASIK – но ја остава рожницата посилна до крајот на животот, оставајќи ви постабилна корекција, со многу помал ризик од ектазија.