Промедика и Систина Офталмологија зема учество на Вториот Меѓународен Симпозиум “Вие сте во сигурни раце со дезинфекција и стерилизација” кој се одржа во Хотел Метропол во Охрид на 14-16 Јуни.
Целта на симпозиумот беше да ги обедини колегите од земјата и регионот кои работат во областа на дезинфекција и стерилизација во здравствените институции.
Нашата болница ја претстави нашата главна сестра Снежана Уjевиќ, која со својот труд и посветеност помогна во целокупната организација на настанот. Дополнително од нашата болница на настанот присустуваа и нашите сестри Емилија Илиевска, Елена Маневска, Ирена Наумовска и нашиот мед. тех. Никола Петроски.
Меѓународниот Симпозиум беше организиран од страна на Асоцијацијата за дензинфекција и стерилизација и на истиот учествуваа над 180 учесници.