За успешен и здрав раст и развој на секое дете, задолжително се препорачува да се следи развојот на видот и истиот редовно да се контролира. Со цел поголема достапност, подобра грижа и најповолни услови, Промедика Офталмологија го отвара првиот а воедно и единствен оддел за детска офталмологија во државата.
Одделот е предводен од спец. Офталмолог Д-р Викторија Филева Фотевска, врвен професионалец и офталмолог со над 10 годишно искуство во областа на детската офталмологија. Овој оддел ви ги нуди сите видови на офталмолошки прегледи на деца и новороденчиња, целосна дијагностика и третман на амблиопија, а воедно и дијагностика и хирургија на страбизам.
Одделот за детска офталмологија при Промедика Офталмологија е најнов, најголем, најсовремен и најопремен оддел. Располага со простор од над 150м2 и е опремен со врвна апаратура, а најголемата предност е токму тоа што дечињата заедно со своите родители времето ќе го поминат низ игра и забава. Токму тоа овозможува пријатна и релаксирана атмосфера, што е од исклучителна важност за успешната соработка на децата со лекарите и медицинскиот персонал.
Специјално креираниот простор им овозможува на децата да се чувствуваат комфортно и сигурно, што го олеснува целиот процес на преглед и третман. Дополнително, одделот за детска офталмологија при Промедика Офталмологија ви нуди и можност да го извршите задолжителниот предучилишен преглед за упис на вашето идно прваче.