• Безболно
• Брзо
• Безбедно
• Безконтактно
• Без споредни ефекти
• Без рез на рожницата
• Без брусење на рожницата со четкички
Станува збор за најсовремената технологија и револуционарен ласерски пристап. NO TOUCH (trans PRK) TECHNOLAS TENEO 317 е иновативна технологија со WOW ефект,така наречена поради извикот на воодушевување на пациентите веднаш по интервенцијата- WOW! Процедурата не побарува креирање и формирање на флап, овозможува максимална прецизност со брзиот eye tracker за детекција и на најфините движења на очите и контрола на статичката и динамичка циклоторзија обезбедувајќи во секој момент совршено прецизно центрирање.
Големата брзина на ласерскиот сноп кои пациентите ја опишуваат како “огномет” значително го скратува времето на ласерската процедура и дава брз опоравок на видот одма , без болка со совршено мазна и прозирна површина на рожницата и со сочуван квалитет.
Ваквиот атрауматична постапка, без формирање на флап, без нож, практично TOUCH FREE е ефикасен, сигурен метод за ласерска корекција на диоптријата на кој се работело со години.
Со оваа постапка се обезбедува поголема предност во однос на LASIK методата, каде постои одреден ризик за компликации на флапот неколку месеци и години по итнервенцијата, како и инзвореден комфор и безболност во однос на некогашната PRK метода.
Ласерската корекција на диоптрија е зафат каде со помош на ласерски зраци се ремоделира рожницата со цел ослободување од постоечката диоптрија, подобрувајќи ја видната острина и отстранување од потребата за оптички помагала ( очила или контакти леќи)
Рефракциони аномалии е стручен термин за означување на диоптријата и зависи од должината на окото ( нормалната должина на окото е околу 24 mm).
Во рефракциони аномалии се вбројуваат:
• Кратковидост ( MYOPIA) – последица на поголема должина на окото, па сликатса се формира пред макулата. Се корегира минус диоптријата со цел сликата да се помести и да се формира во центарот на видот, а со тоа да се изоштри видот.
• Далекувидост ( HYPERMETROPIA) – последица на помалата должина на окото , а сликата се формира во замислена точка поради макулата. Со корекција на плус диоптријата, сликата се поместува во центрот за вид и се добива изоштрување на видот на блиску и далеку.
• Астигматизам – неправилна закривеност на рожницата во одреден меридијан и се добива матна слика. Се корегира со цилиндри со кои ја корегираат неправилната закривеност на рожницата. Најчесто се јавува во комбинација со миопија или хиперметропија.
Првиот услов е возраста на пациентот, постар од 18 години. Окото мора да биде здраво, затоа претходно се прави комплетен офталмолошки преглед кој подразбира низа на анализи и мерења. Диоптријата мора да биде стабилна најамлку изминатата една година , бидејќи доколку диоптријата има тенденција да се менува по самата ласерска корекција повторно ќе се добие нова диоптрија.
Доколку се исполнети сите горенаведени услови ( дебелината и закривеноста на рожницата, опсегот на диоптрија, возраст на пациентот) тоа е начин за безбедно изведување на ласерската корекција на диоптрија.
Диоптријата која може да се корегиа со ласер е во опсегот од +6 до -10 D и до 6D астигматизам. Ласерската корекција припаѓа во групата на естетски зафати бидејќи целта е да се ослободат од оптички помагала , така што окото мора да биде здраво како би се добиле задоволителни резултати од интервенцијата.
Оваа интервенција се изведува со најсовремените ласерски апарати кои во себе имаат вградено софтверски системи за третман и следење на окото. Системот за следење на окото ( eyetracker) има улога за време на интервенцијата да ги следи движењата на окото и во секој момент да обезбеди ласерските зраци да делуваат на целниот дел од рожницата.
LASIK е најчесто изведуваната хируршка метода. Се состои од два чекора, каде во првиот чекор се прави флап ( тенок капак на рожницата). По фофмирањето и подигање на овој флап , ласерските зраци ја ремоделираат рожницата . По завршување на процедурата, флапот се враќа површината. Самата процедура трае кратко време, безболна и комфорна.
PRK е најстара метода, каде со помош на ласерски зраци најпрво се отстранува површинскиот слој (епител) на рожницата , а потоа со истите ласерски зраци се ремоделира нејзината површина. Во однос на LASIK, PRK e помалку комфорна, а процесот на заздравување е нешто подолг. Во современата рефрактивна хирургија, оваа метода се користи во случаи на тенка рожница, мали неправилности и лузни на рожницата.
Trans PRK ( Transepithelial Photorefractive Keratectomy) е нова, “no touch, all laser ”револуционерна метода во рефрактивната хирургија. Пријатна за пациентите , со побрзо епително заздравување како резултат на помалиот, чист епителен раб што донесува за минимален период на дискомфор кај пациентите.
Кај NO TOUCH (trans PRK) TECHNOLAS TENEO 317 со компјутерска примена на “ладен” ласерски сноп има задача да со ремоделирање на рожницата ја промени нејзината прекршувачка моќ. Тоа се постигнува со директно дејствување на ласерскиот сноп на површината на рожницата , touch free trans PRK површинска метода – која со примена на новата иновативна технологија овозможува исклучително и фантастично искуство на пациентите со WOW ефект во видната острина непосредно по интервенцијата.
Процедурата трае неколку минути, со брзо опоравување. Голема предност во однос на стандардните процедури, PRK, LASIK.
Клучната разлика помеѓу PRK и trans PRK (NO TOUCH) е методот со кој се отстранува површинскиот слој ( епител) на рожницата. Trans PRK користи ласер, додека за PRK се користи алкохол за да се острани површионскиот слој на рожницата и специјални четкички за да се избруси рачно епителот.
Ласерската корекција на диоптрија се изведува кај лица на возраст од 18-40 години, бидејќи се корегира диоптријата за далеку. Доколку пациентот е на возраст каде има и диоптрија за близина , што е последица на нормалниот физиолошки процес на стареење на окото и намалување на способноста на окото за акомодација во тој случај се изведува ИНТРАОКУЛАРНА РЕФРАКТИВНА ХИРУРГИЈА.
LASIK методата како хирушка интервенција е многу комфорна за пациентот. Пациентот гледа по оперативниот зафат, очите се отворени. Се даваат антибиотски капки кои се даваат одреден временски период заедно со вештачки солзи. Потполна видна острина се постигнува веќе еден ден по самата интервенција и пациентот може да ги обавува секојдневните активности.
Во текот на првиот месец се препорачува избегнување на тешка физичка работа, контакни спортови и можни инфекции.
Нешто помалку комфорна е PRK методата, која пак во хируршки смисол е побезбедна. После овој вид на хируршка интервенција може да се јави непријатност во вид на гребење и зголемено солзење. Окото е заштитено со терапевтска контакна леќа во текот на неколку дена или се до комплетна регенерација на површинскиот слој на рожницата. И во случај на PRK се препишуваат антибиотски капки и вештачки солзи. Во период од 5-7 дена после ласерската корекција пациентите може да се вратата на секојдневните животни активности, тешка физичка работа или контактни спортови.
Контролните прегледи се обавуваат 1 дена после ласерската корекција, по 5-7 дена и по 1 месец.
NO TOUCH (trans PRK) е апсолутно најдобра метода бидејки ласерот ги работи сите фази.
Многу голема улога имаат предоперативниот преглед и податокот за стабилна диоптрија за најмалку една година пред ласерската корекција на диоптрија. Доколку овие услови се исполнети, диоптријата не може да се врати.
Исто така многу важно е дека кај пациентите кои направиле ласерска корекција на диоптријата, после 40-та година од животот се јавува старечка далековидост и потреба за носење на очила за близина. Тоа претставува нормален процес на стареење и слабеење на акомодацијата, а не враќање на претходно постоечката диоптрија.
Неколку дена пред операција:
• Да не се носат контактни леќи ( меки контактни леќи 7 дена
полутврди и тврди 10-14 дена)
Ноќ пред операција:
• По потреба да се земе една таблета diazepam 5 mg
На денот на операција:
• Задолжително е да се појадува пред ласерската корекција
• Доколку пациентот има редовна
системска терапија потребно е истата да се земе редовно
• Да дојдете со придружба
• Да носите со себе наочари за сонце
• Да не ставате шминка на лицето и вратот
• Доколку имате вештачки трепки или обетки
потребно е да ги извадите претходно
Пред влез во оперативниот блок:
• Забрането е користење на бонбони и гуми за џвакање
• Сите лични предмети потребно е да ги оставите во нашиот предоперативен блок
На денот на зафатот
по завршување на ласерската корекција:
• Видот ќе биде заматен ( како да гледате низ вода)
• Присутно е чувство на нелагодност и пецкање
понекогаш и болка во очите
солзење
оток на капаците
• Да не се допираат очите
• Да се држат очите затворени што е повеќе можно и престојување во затворена просторија
• На секој еден час се става sol. Tobradex и вештачки солзи ( 1-2 капки)
• Послееоброк потребно е да се земе tbl. Ibuprofen 400 mg
Потребни се три постоперативни контроли. Задолжителен контролен преглед е денот после ласерската корекција
следната контрола е за 3-7 дена во договор со докторот и месечна контрола. Контролите во период од еден месец после ласерската корекција се бесплатни
а понатаму се наплаќаат.
Опоравување:
• Во текот на наредните 10 дена потребно е да се става sol. Tobradex 4x1
a вештачки солзи 6 до 8 пати во текот на денот во времетраење од еден месец.
• Да се избегнува работа на компјутер и долго гледање на телевизија ( поради дополнително исушување на очите)
• 2 недели не е дозволено користиње на шминка ( маскара
молив за очи)
• Да не се посетува фитнес 14 дена
При секое излегување потребно е да се носат наочари за сонце
за да се намали блескањето и со тоа ќе се заштите дополнителното исушување на очите и случајните повреди.