Промедика Офталмологија го направи својот прв чекор во примената на најновата терапија Eylea 8mg, напреден лек за третман на ретинолошки заболувања. Денес, д-р Златко Чипуровски го аплицираше овој револуционерен нов лек кај двајца пациенти, што претставува значаен момент за нашата болница.
Што е Eylea 8mg и за кого е наменет?
Eylea 8mg е најновата верзија на овој веќе добро познат и докажан лек кој се користи за третман на ретинолошки очни состојби како што се влажната макуларна дегенерација и дијабетичната ретинопатија. Овие состојби често водат до значителен губиток на видот ако не се третираат правилно и навремено. Eylea 8mg е наменет за пациенти кои се соочуваат со овие заболувања и бараат ефикасен третман што обезбедува долготрајна заштита на нивниот вид.
Како функционира Eylea 8mg?
За споредба со Eylea лекот кој го аплицираме веќе со години наназад кај пациенти, Eylea 8mg се разликува во тоа што има поголема концентрација, што овозможува поретка апликација. Пациентите можат да добијат подолготрајна заштита со помалку инјекции, што го прави третманот поудобен и поефикасен. Овој лек делува со блокирање на протеините кои предизвикуваат абнормален раст на крвните садови во окото, со што се спречува оштетување на мрежницата и се подобрува или стабилизира видот.
Примена во Промедика Офталмологија
Денешното аплицирање на Eylea 8mg од страна на д-р Златко Чипуровски е важен чекор во напорите на Промедика Офталмологија да обезбеди најсовремени терапии за своите пациенти. Овој напредок не само што го подобрува квалитетот на животот на пациентите, туку и ги позиционира нашите услуги како лидер во офталмологијата.
Ние сме горди што можеме да им понудиме на нашите пациенти пристап до најновите медицински достигнувања и ќе продолжиме да вложуваме во нивната грижа и здравје.