Computer vision syndrome, опфаќа една група на симптоми поврзани со очите и видот на кои се жалат пациентите, а кои произлегуваат од продолжената употреба на дигитални уреди како што се компјутер, таблет и мобилен телефон.
Симптомите вклучуваат суви и иритирани очи, заматен вид и чести главоболки. Овие симптоми се обично привремени, но можат да го нарушат вашиот работен ден и негативно да влијаат на вашето секојдневие.
Computer vision syndrome не е сериозен, но е непријатен. Третманот има за цел да помогне во справување со несаканите, меѓутоа, долгорочно, честото повторување на симптомите може да ја нарушат вашата работоспособност или да ве спречат да ги правите работите во кои уживате. Затоа е важно да научите кои се причините кои ве доведуваат во ваква состојба и како можете да ги спречите или да се справите со нив.
Што го предизвикува Computer vision syndrome?
Поминувате неколку часа на компјутер или на дигитален уред
Премногу сте блиску до екранот на вашиот компјутер или дигитален уред
Гледате во вашиот компјутер или дигитален уред под погрешен агол
Имате лошо држење додека го користите вашиот компјутер или дигитален уред
Имате проблеми со очите (дури и помали) кои не се коригирани со очила или контактни леќи
Имате пар очила што не се соодветни за гледање на растојанието на вашиот компјутер
Не правете доволно паузи додека работите
Можеби имате основен проблем со суво око и се ова може да го влоши симптомите на computer vision syndrome.
Луѓето често трепкаат помалку кога користат компјутер отколку кога читаат печатен текст. Ова може да предизвика суво око, што може да придонесе за појава на симптомите на “Computer vision syndrome”.
Колку е честа појавата на овој проблем?
Computer vision syndrome е многу чест. Истражувачите проценуваат дека тоа влијае на 60 милиони луѓе ширум светот. Пред почетокот на пандемијата КОВИД-19, најмалку 50% од возрасната популација се соочила со овој проблем. За време на пандемијата, повеќе луѓе се потпираа на дигитални уреди за работа и меѓусебна комуникација. Како резултат на тоа, бројот на возрасни со computer vision syndrome се покачи на 78%.
Пандемијата, исто така, предизвика повеќе деца да се жалат на симптоми од ваков вид .Според некои статистики, дури 50% до 60% од децата се соочиле со оваа состојба за време на пандемијата.
Превенирајте ја појавата на “Computer vision syndrome” и следете ги нашите препораки
- Држете доволно растојание од дигиталниот уред
- Користете го правилото 20/20/20 ( На секои 20 минути , направете пауза 20 секунди фокусирајќи се во далечина)
- Намалете ја светлината на екранот на дигиталниот уред
- Не заборавајте да трепкате
- Пијте доволно вода