Почнувајќи од 23.05.2023, „Промедика офталмологија“ спроведе акција – целосен офталмолошки и супспецијалистички преглед за деца. Актуелните цени беа намалени за 33% за сите дечиња. Сите знаеме колку е важно да се одржува здравиот вид кај децата, особено во времето на технологијата и компјутерските екрани. Голем број родители кои се грижат за здравјето на очите на своите деца ја посетија „Промедика офталмологија“ заедно со своите најмили. Сакаме да се осигуриме дека секое дете ќе има можност да направи преглед на своите сетила за вид и со тоа да може да добие решение во случај на одредено очно заболување или аномалија.