На 19.4.2023 во „Промедика офталмологија“ со задоволство го примивме чичко Ванчо Спасовски кој е на 66 годишна возраст и во изминатите години речиси целосно го има изгубено видот на едното око поради катаракта (перде).
На Ванчо требаше да му се направи операција на катаракта на едното око, но тимот на „Промедика офталмологија“ заедно со менаџментот одлучи да направи бесплатна операција и на другото око.
Пациентот беше опериран од страна на најдобриот очен хирург во Македонија, Д-р Наум Трпеноски, кој досега има направено над 15 000 операции на катаракта.
Исто така, сите постоперативни прегледи и контроли на пациентот беа целосно покриени од страна на „Промедика офталмологија“. Пациентот имаше брзо и безболно закрепнување, без никакви компликации.
Целта ни е да ја подигнеме свеста и да шириме добрина. Тимот на „Промедика офталмологија“ пружа рака и нуди помош за секој пациент. Ве поттикнуваме и вас, да го сторите истото бидејќи и мал гест на добрина за некого значи многу!