Дегенерација на макулата поврзана со возраста (AMD) е водечка причина за губење на видот кај Американците на возраст од 65 години и повеќе.
Намалете ја шансата за губење на видот од дегенерација на макулата:
знаејќи ги факторите на ризик за AMD,
знаејќи ја Вашата семејна медицинска историја и
правејќи редовни прегледи кај Вашиот офталмолог.
Влажната форма на AMD е најтешката форма на болеста. Може да доведе до трајно губење на централниот вид. Вашиот централен вид е неопходен за возење, читање и препознавање лица.
„Во последните неколку години се забележува значително подобрување во разбирањето на причините и третманот на AMD“, вели Џорџ Вилијамс, д-р, експерт за AMD. „Новите истражувања и клинички достигнувања ни помагаат подобро да ги третираме „сувиот “ и „влажниот “ облик на AMD. Еден силен фактор на ризик за кој луѓето можеби не се свесни е семејната историја. Важно е да откриете дали вашите роднини имаат или имале AMD и таквата информација да му ја пренесете на Вашиот офталмолог. Познавањето на ризиците може да ви го спаси видот “.
Знајте ги ризик факторите и зачувајте го Вашиот вид
Ова се водечките 5 ризик фактори за појава на AMD:
Возраст над 60 години
Позитивна семејна историја за AMD
Пушење цигари
Дебелината
Хипертензија (покачен крвен притисок)
Луѓето кои имаат два од овие ризик фактори треба да закажат преглед кај офталмолог. Вашиот офталмолог може да препорача чекори за да го намалите ризикот од губење на видот.
Луѓето кои се изложени на ризик треба да ги знаат симптомите на влажната форма на AMD, која што предизвикува брзо и сериозно губење на видот. Симптомите вклучуваат:
ненадејно, забележливо намалување на видот, или
ненадејно нарушување на видот, како што е гледање на „брановидни“ линии.
Веднаш посетете офталмолог ако се појави некој од овие симптоми. Третманите за влажната форма на AMD обезбедуваат одлична можност за запирање на губењето на видот. Тие всушност можат да го вратат видот како пред развивањето на макуларна дегенерација. Рана дијагноза на влажната форма на AMD дава подобри шанси за нејзино успешно лекување.
Некои од ризик факторите за развиток на AMD може да ги контролирате, како што се пушењето и диетата, со цел да го намалите ризикот за појава на губиток на видот. Еден начин да се намали ризикот за појава на AMD е да се откажете од пушењето цигари или пак уште подобро е никогаш и да не почнете да пушите. Сепак, не можете да ги контролирате сите ризици. На пример, не можете да направите ништо во врска со вашата генетика. Познавањето на семејната медицинска историја и споделувањето со вашиот офталмолог е важен чекор за заштита на видот.
Па доколку имате некои од ризик факторите или пак појава на некои од наведените симптоми, како и позитивна фамилијарна анамнеза за појава на AMD, веднаш закажете преглед кај Вашиот офталмолог: http://promedikaoftalmologija.mk/zakazi_pregled.html