Smart очила
До неодамна достапни третмани за амблиопија (мрзливо око) беа носењето очила, користење капки за очи, визуелни тераписки вежби и како најефикасно носењето на лепенка. Иако лепенката за око се покажало како најефективно решение, сепак може да доведе до појава на некои несакани ефекти како:
1. Опасност од здравото око да се претвори во мрзливо око како резултат на носење на лепенка;
2. Прекумерното носење на лепенка може на влијае на нормалното циркулирање на солзите низ окото;
3. Можност за појава на алергиска реакција на лепенката;
4. Самата лепенка може да доеведе до покачување на температурата на окото доколку се носи подолго време;
5. Потешкотии во усогласувањето бидејќи родителите треба да се придржуваат до стриктно опеределено време за ставање и вадење на лепенката.
6. Како најбитно детето се соочува со социјална стигма што може да влијае на неговиот нормален психички развој.
Vidi Smart очилата работат на принцип на принудување на мрзливото око да работи правилно. Доминантното око постепено се затвара од специјалното стакло изработено од течни кристали, притоа затварањето настанува на специфично определени и прилагодени временски интервали. Главната задача на овие очила е многу слична на лепенката за око. Разликата е што со овие наочари мрзливото око се затвара редовно и по електронски пат.
Vidi Smart очилата ќе му помогнат на вашето дете полесно да се привикне на третманот за мрзливо око. Овие очила се уникатни и единствени во светот.
Бројни интернационални клинички студии сведочат за ефективноста на овој третман за слабовидост. Несакани ефекти не се опишани.
Амблиокор-01-3
Методот на обновување на визуелните функции предложен од наша страна е базиран на биофидбек саморегулација, во услови на затворен круг: мрежницата на окото - кортикални центри на визуелниот анализатор - систем на видео-компјутер. Методот се заснова на принцип на адаптивна биоконтрола.
За време на третманот, пациентот е пред ТВ-екран на кој што е пуштено интересно видео. Кај него се регистрира електроенцефалограм (ЕЕГ) со визуелната проекција од кортексот на мозокот. Со помош на специјална математичка анализа пресметуваме осцилации на активирање на невроните на визуелниот кортекс, кои го карактеризираат квалитетот на видот или пак неговото намалување. ТВ екранот кој го прикажува филмот е пуштен за време на периоди на подобар квалитет на видот и се гаси кога состојбата на визуелниот кортекс се карактеризира со намалување на квалитетот на видот.
Нормална мотивација на една личност е да гледа интересен филм без паузи. Мозокот на пациентот потсвесно бара начини да го зголеми времето на гледање на филмот без никакви паузи, па затоа тој ја реорганизира работата на визуелниот кортекс, со што прави постојано невронско активирање. За време на дневните повторувања на оваа постапка (обично 10-20 сесии со времетраење од 15-30 минути), мозокот на пациентот постепено формира нови рефлексни врски обезбедувајќи повисоко ниво на визуелни функции, со стабилен пораст (кај амблиопија и хиперметропија) или пад (кај миопија) на невронската ексцитабилност од визуелниот кортекс.
Така нормалното функционирање на визуелниот кортекс на мозокот е обновен и визуелните функции се значително подобрени. Новитети и предности на оваа техника се можност за реставрација на визуелните функции преку корекција на биоелектричната активност на визуелниот кортекс.
За прв пат нудиме метод за рехабилитација и реставрација на преостаната визуелна функција кај деца со вродени и наследни заболувања на мрежницата и оптичкиот нерв, со секундарни рефрактивни и амблиопични кортикални нарушувања, кои се преклопуваат со присуство на органски нарушувања. Ова се постигнува со подобрување на локализацијата на ретиналниот дел кој прима визуелни информации, т.е. приближувајќи ги кон центарот во случај на неуспех на фавеоларните и макуларните региони, со формирање на нови врски помеѓу мрежницата и визуелниот кортекс и со кортикално-субкортикални пренамени.
Главни предности на овој метод се:
а) може да се користи кај помлади дечиња почнувајќи од 3 годишна возраст како и кај средношколци дури и кај возрасни. Неговата ефикасност не зависи од возраста на пациентот времето на почнување со третманите или пак траењето на постоечката болест;
б) апсолутно е безбедно не предизвикува дополнителни оштетувања на ретиналниот невроепител во споредба со светлосните методи и може да се користи и кај пациенти со органски оштетувања на оптичката неуроретина;
в) кога се користи овој метод нема појачување на пароксизмалната активност на ЕЕГ што ни овозможува да третираме пациенти со комбинирана невролошка патологија (по консултација со невролог);
г) обновувањето на визуелната острина може да се повторува зависно од влошувањето на визуелните функции поврзани со возраста на пациентот;
д) забавно е по природа и не е проследен со болни или непријатни чувства кај пациентот па така и децата и возрасните ги проследуваат сесиите за визуелна корекција со големо задоволство.