ЗАКАЖИ ОНЛАЈН КОНСУЛТАЦИЈА
Драги пациенти,
Услугата online консултација Ви нуди да од удобноста на Вашиот дом добиете стручен совет од наш доктор за Вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега.
Преку оваа онлајн средба ние Ви овозможуваме:
- да стапите во контакт со наш доктор офталмолог
- да му ги објасните Вашите проблеми и состојба
- да добиете препорака и совет по претходно направена дијагностика
- да добиете објаснување за можностите за решавање на вашиот проблем
- да добиете совет од докторот за понатамошното лекување
Терминот сами го избирате, а истиот трае максимум до 15 минути.
Ако ги користите нашите услуги тоа значи дека ги прифаќате сите услови што ги нудиме и сте согласни на нив.