Селективна ласерска трабекулопластика (SLT) е безбеден и ефикасен ласерски третман , стандардна постапка во третманот на примарен глауком со отворен агол (POAG). Третманот е индициран за намалување на интраокуларниот притисок (ИОП) поврзан со глауком.
SLT ласерот цели само на пигментираните клетки во трабекуларната мрежа на окото. Со тоа се зголемува дренажата на очната водичка од окото со што се намалува интраокуларниот притисок на пациентот. Кратките ласерски импулси на SLT ласерот овозможуваат насочен третман без никакво оштетување на околното здраво ткиво.Постапката обично трае само неколку минути.
Повеќето пациенти не чувствуваат никаква болка по SLT постапка. Понекогаш е можна појава на блага непријатност или воспаление што е нормално и брзо поминува со помош на соодветна терапија која им се препишува на пациентите.
Она што е важно да се напомене е дека SLT третманот не води до излекување на глаукомот, туку исто така е дел од стандардната процедура за намалување на интраокуларниот притисок(ИОП) за 25-30 % и тоа намалување трае неколку години.
Оваа тераписка процедура на пациентите им овозможува поедставно секојдневно функционирање бидејќи ја намалува или во некои случаи комплетно ја исклучува потребата за капки за очи за регулација на интраокуларниот притисок.
SLT процедурата е докажано безбедна и може да се повтори повеќе пати без особени несакани ефекти.