Ласер 532nm Ретинален ласер Zeiss Meditek
Ретинален ласер кој се користи при состојби во заден сегмент на окото, при кој истиот прави ласер печати(фотокоагулати) на ретината и се користи при следните најчесто состојби
- Дијабетна ретинопатија,
- Периферни дегенеративни промени на ретината
- и други промени на ретината
- 532nm ласерот прави :
- Хомоген печат при панретинална лфк (по малку болно или не е болно споредбено со аргон ласер)
- коаксијален ласерски зрак на оптичката система , па затоа ласерот е секогаш во центар на оптичката система и спокојно се работи во периферија (нема можност поради лекарска грешка да стани проблем во периферија)
- промената на моќноста е со стапка 10 mW, што дозволува прецизно регулирање на моќността (другите ласери се со стапка 20mW, 50 mW.
- Ласерскиот печат е со фиксирани размери(големина) 50nm, 100nm, 200nm, 500nm, 1000 nm, што дозволува прецизна контрола во големинатата на печатот.(овде да се земе и во предвид каква контакт лупа се користи заради коефициентот на магнификацијата на лупата).
Nd Yag Laser –Zeiss Meditek
Неодиумиовиот Јаг ласер има дисруптивен ефект
Неговите својства се користат за
- капсулотомија на задна капула (секундарна катаракта или познато како фиброза на задна капсула)
- раскинување на предни синехии (синехиотомии)
- иридотомии
Распределбата на енергија е супергаус (дијаметарот на печат во фокус е близу до теоретскиот минимум, па како резултат на тоа енергијата за добивање на дисруптивниот ефект при капсулотомија е под 1 mj. Поради супер гаус има силна локализација на енергија т.е. е единствен ласер во светскиот пазар кој има фиксирано поместување на ласерниот фокус спрема оптичниот фокус на -150mikrometra , 0 , -150 mikrometra Тоа дозволува без проблем да се направи ласер капсулотомија без да се повреди интраокуларната леќа .Дозволува да се раскинат предни синехии без да се повреди интраокуларната леќа.
- Единствен ласер на светски пазар со 4 точков систем на фокусирање (при астигматизам може да се направи необходната корекција)
- Единствен со 2 истрела во секунда
- Единствен на пазар со степен на увеличување 0.2 mj ( во цел енергетски дијапазон)
- Означува дека енергијата може да се пресмета прецизно за да се намали енергетското оптоварување на окото.