Зошто Cirrus OCT –Zeiss ?
- Oптичко кохерентен томграф чии резултати се признаваат за клинички испитувања.
- Висока резолуција која дозволува визуализација на ретиналните слоеви “in vivo “, слична на хистолошки наод л.1
- Има софтвер и за преден и за заден очен сегмент .
- Има FDA-(Food and Drug Administration) одобрување за точноста на податоците добиени за NFRL- невроретинален фибриларен слој и за скен на оптичкиот диск на папилата ( оценка за екскавацијата ) .Резултатите од OCT ( анатомски) за Глаукома корелираат со физиолошките промени константирани со HFA-Humphery Field Analizer ( компјутерна периметрија ) само кога е уништен веќе 30% од NFRL ( во практика анализата на RNFL дава можност да се види анатомска промена пред да настане физиолошката промена.
Структури кои се анализираат во заден очен сегмент се следниве:
- Макула
- Оптичен диск ( папила на оптичкиот нерв)
- Ретинален неврофибриларен слој
- Ретина
Структури кои се анализираат од преден очен сегмент :
- Корнеа со возможност за мерување на централна корнеална дебелина
- Иридокорнеален агол
Во апаратот е интегриран систем на база на податоци за компарација (референтен систем ) , за испитувањата на макула и за ретиналниот неврофибриларен слој и тоа за пациенти на возраст меѓу 17 год и 72 год. вклучително.
Патологија каде се прилага OCT :
- Дупка на макулата и псевдодупка
- Лезии во витреоретиналната површина и витреоретинален тракционен синдром.
- Фовеална ретиношиза
- Епиретинална мембрана (macular pucker)
- Едем на макула од различни причини ( пост вазооклузивна болест , диабетичен макулен едем ,увеитен макуларен едем итн ).
- Серозно и хеморагично одлепување на ретината и на пигментниот епител
- Макулна дегенерација, јувенилна и сврзана со возраста
- Диабетна ретинопатија
- Акутни и хронични епителиопатии
- Субретинална неоваскуларизација
- Интраретинални и преретинални неоваскуларизации
- Ретинална атрофија
- Глаукома и нејзините секвели
OCT дава возможност да се откријат и измерат
- Морфолошки промени
- Дебелина на ретината
- Дебелината на ретината и ретиналниот невро – фибриларен слој
- Волумен на ретината
- Различни параметри на дискот на папилата
- Напречен пресек на иридокорнеален агол
- Напречен пресек на корнеа со возможност за мерење на централната корнеална дебелина (пахиметрија).
Добиените резултати може да се
- анализираат
- квантифицираат ( да се изразат графички со цифри и проценти)
- да се меморираат во хард дискот на самиот апарат, како и да се извадат на електронски носач( Це Де или дискета )
- да се прави компарација на резултатите во динамика (пр. резултати од денес да се компарираат со резултати од пред еден месец за еден исти пациент).
OCT како неинвазивна и безопасна за пациентот метода, дозволува повеќекратно повторување на испитувањето со цел
- Следење на прогресија на заболувањето
- Да се квантифицираат лезиите
- Да се направаат фармацевтски или постласерски студии
Кога не може да се прави OCT
- Сигнификантно намалена видна острина , невозможност на пациентот да фиксира , обострано.
- Непровидност на оптичките медиуми.
- Контраиндицирано е при луѓе кои страдаат од епилепсија
- Кај мали деца ( не добра кооперабилсност, низок комплајнс)
Зошто OCT ?
- Не – инвазивна,
- Без-контактна,
- Безопасна,
- Брза,
- Сензитивна, висока резолуција