ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Приватна здравствена установа–Специјализирана болница по офталмологија ПРОМЕДИКА
ОФТАЛМОЛОГИЈА Скопје Ви нуди комплетна и прецизна дијагностика за кое било очно
заболување и има решение за секој пациент со најсовремена технологија, квалитет и
безбедност. Во својство на контролор на збирки на лични податоци врши обработка на Вашите
лични податоци заради обезбедување на нашите производи и услуги. (во натамошниот текст:
„ПРОМЕДИКА ОФТАЛМОЛОГИЈА“)
Обврска за приватност
Пристапот на веб страната или користењето на услугите на ПРОМЕДИКА ОФТАЛМОЛОГИЈА,
подразбира и обработка на Вашите лични податоци која што обработка ќе се врши на начин и
во согласност со оваа Политика („Обврска за приватност“). Нашата посветеност и практики
за приватност се усогласени со начелата за заштита на обработката на лични податоци.
Ако не сакате да ги собираме, користиме или откриваме Вашите лични податоци или лични
здравствени информации на начините идентификувани во оваа Политика, можете да изберете
да не ги користите услугите на ПРОМЕДИКА ОФТАЛМОЛОГИЈА.
Целта на оваа Политика е да Ви овозможи специфични детали, на транспарентен начин, за
начинот на којшто ПРОМЕДИКА ОФТАЛМОЛОГИЈА ги собира, користи, открива и чува
Вашите лични податоци, вклучително кога ги користите нашите услуги, ја посетувате веб
страницата или на друг начин остварувате соработка со нас.
Одговорност
ПРОМЕДИКА ОФТАЛМОЛОГИЈА е целосно одговорна за заштита на Вашите лични податоци
за што применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на истите во
согласност со важечките законски и подзаконски прописи.
Согласност
Со Пристапот на веб страната или користење на услугите на ПРОМЕДИКА ОФТАЛМОЛОГИЈА
Вие се согласувате за собирање, употреба, откривање и чување на личните податоци на начин и
за цели како што е опишано во оваа Политика.
Согласноста за собирање, употреба, откривање и чување на личните податоци може да се
повлече во секое време. Но, доколку не ни ги дадете потребните податоци или ја повлечете
Вашата согласност, нашите можности ќе бидат ограничени и/или можеби нема да можеме да
Ви обезбедиме одредена услуга, производ или функционалност.
Ако покрај барањето за повлекување на согласноста побарате и да се избришат Вашите лични
податоци, во некои случаи може да зачуваме Ваши лични податоци со цел да исполниме некои
законски или регулаторни обврски.
За собирање, користење или откривање на лични податоци надвор од целите утврдени во оваа
Политика, ќе побараме дополнителна согласност од Вас за истото.
Собирање и употреба на лични податоци
Ги собираме само оние лични податоци кои се потребни за ефективно обезбедување на нашите
услуги на нашите потрошувачи, пациенти, односно:
✔ Податоци за пациенти: Име и презиме, контакт податоци (телефонски број и е–
маил), ЕМБГ, датум на раѓање, пол, име на еден од родителите, адреса на живење,
медицински податоци – податоци за здравствена состојба (дијагноза, датум на посета,
планираните посети, , терапија, упатување, причина за привремена неспособност за
работа, причина за смрт причина за обработка и социјална анамнеза на семејството),
податоци за медицинска нега и други податоци што се поврзани со грижата за
пациентот (исхрана и слично), наоди, изјави, мислења и други документи поврзани со
здравствената состојба и укажаната здравствена заштита, резултати од лабораториски
наоди, КОВИД прашалник.
✔ Податоци за членови на семејство: име и презиме, телефон, е–пошта, ЕМБГ.
✔ Податоци за здравјето и медицинскиот третман: дијагноза, терапија,
медицинска документација, препораки, мислења, лекар и здравствена установа,
издадени медицински средства, ортопедски помагала.
✔ Податоци од посета на веб страницата: име и презиме, телефон, е–пошта.
✔ Податоци од финансиска природа: Информациите за наплата, како на пример,
пристап до видот на платежната картичка, датум и време на трансакцијата, износ на
трансакцијата, ограничен дел од бројот на картичката (на начин што е генерално
дозволен од издавачите на платежни картички), податоци за нарачката,
идентификациски број на нарачката.
✔ Податоци од видео надзор кои се собираат при посета на нашите простории:
За вршењето на видео надзорот поставени се известувања во самите простории, како и
општи информации во врска со видео надзорот.
✔ Податоци за овластени лица и вработени кај добавувачи, даватели на
услуги кои се правни лица: име и презиме, адреса, контакт податоци (е–маил,
телефонски број), работна позиција, правно лице, вид на договор и услуга, податоци за
обезбедување на производ или услугата.
Покрај целите за обезбедување на нашите услуги, личните податоци ги собираме и за други
цели како:
⮚ да одговориме на Вашите прашања поврзани со нашите услуги или производи како и да
одговориме или постапиме по однос на други Ваши барања, предлози и поплаки;
⮚ доставување на понуди, информации или некој друг н вид на промотивен рекламен
материјал преку директен маркетинг но само во случај доколку за ова имаме добиено
согласност од Ваша страна;
⮚ анализа на квалитетот на производите и услугите кои ги нудиме кон Вас и
обезбедување на стандарди;
⮚ За оптимизирање на онлајн корисничкото искуство;
Личните податоци по правило ги собираме директно од Вас. Во одредени ситуации некои
лични податоци ги собираме од трети лица како на пример:
⮚ Од електронски евиденции на Фондот за здравствено осигурување, Министерството за
здравство или други јавни институции врз основа на закон;
⮚ Од јавно достапни регистри, интернет, саеми, организирани настани, кога воспоставуваме
деловен однос со нашите бизнис партнери, добавувачи, даватели на услуги.
Личните податоци ги обработуваме само во согласност законски утврдените правни основи.
Како правен основ на обработка на личните податоци може да биде:
⮚ Согласност за обработка на лични податоци – на пример во случај и за потребите
од вршење на директен маркетинг или обработка на ваши лични податоци како
пациент во одредени исклучителни ситуации кога е тоа потребно. Само со Ваша
согласност лични податоци може да се обработуваат за цели на директен маркетинг.
Согласноста може да ја повлечете во секое време и бесплатно;
⮚ Исполнување на договор – на пример за склучување и исполнување на договорните
обврски со нашите давателите на услуги и добавувачи;
⮚ Легитимен интерес – како на пример обезбедување на физичка сигурност, заштита
на имотот преку системите за контрола на пристап до нашите простории и видео
надзор, за внатрешни административни цели и за управување со деловните операции и
бизнис процеси и нашите добавувачи, безбедност на информациските системи,
спроведување на анализи, статистики и истражувања за продажба.
⮚ Исполнување на законски обврски – на пример обработка на лични податоци за
корисниците за лекови во согласност со барањата утврдени со Законот за евиденции во
областа на здравството, Законот за лекови и медицински помагала, Законот за здравствено осигурување.
Споделување и откривање на лични податоци
Вашите лични податоци може да ги споделиме или откриеме со трети лица кои се вклучени во
Вашата нега, како пример матичниот лекар или друг здравствен работник со цел обезбедување
на ефикасен третман, на начин кој е соодветен со начелата за заштита на личните податоци.
Исто така, можеме да ги откриеме личните податоци до степенот неопходен кога ни се бара или
ни е дозволено според важечкиот закон, како на пример во случај на вонредна состојба која го
загрозува животот, здравјето или безбедноста на поединецот. Ние, исто така, може да откриеме
лични податоци до органите за спроведување на законот, судовите, други владини агенции или
други страни доколку тоа од нас се бара за да ги исполниме нашите законски и регулаторни
барања (на пример, од нас се бара да доставиме евиденција на органите за спроведување на
законот како одговор на важечки судски налог).
Оттука, Вашите лични податоци може да бидат пренесени во Фондот за здравствено
осигурување врз основа на склучен договор Министерството за здравство, Агенцијата за лекови
и медицински средства – МАЛМЕД, Институтот за јавно здравје, како и други регулаторни
институции на кои сме законски обврзани, кои ja контролираат законитоста на нашето
работење, квалитетот на нашите услуги, точноста на податоците и извршените плаќања.
Личните податоци може да бидат обработувани од страна на обработувачи, со кои имаме
склучено договори за заштита на обработката на лични податоци со кои се предвидуваат исти
или слични мерки за заштита и безбедност на личните податоци, како и оние кои ни ги
преземаме. На обработувачите во секој случај им ги доставуваме само потребните информации
за извршување на услугата и обезбедуваме дека тие нема да ги користат Вашите лични
податоци за која било друга цел.
Пристап, исправка и точност на личните податоци
Може да побарате пристап и корекции на личните информации што ги чуваме за Вас во секое
време. Врз основа на Ваше писмено барање, ние исто така ќе ви доставиме список на сите лица
со кои сме ги споделиле или откриле Вашите лични податоци.
Се потпираме на Вас за да обезбедиме дека Вашите личните податоци се точни, целосни и
ажурирани. Добредојдени сте да направите промени или да побарате бришења или корекции
на личните податоци во секое време преку нашата електронска адреса
[email protected]
За да добиете копија од Вашите лични податоци, Ве молиме контактирајте не со испраќање
електронска порака на
Ние ќе ги преземеме сите разумни
чекори за да го потврдиме Вашиот идентитет пред да дозволиме пристап или да извршиме
корекции на Вашите лични податоци.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични
податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци Билјана
Волческа на следниот e–mail: [email protected]
Согласно одредбите на Законот за заштита на лични податоци имате право:
⮚ да бидете информирани за обработката на вашите личните податоци;
⮚ на пристап до личните податоци и добивање на нивна копија;
⮚ на исправка и бришење на личните податоци ако се нецелосни и неточни, се
обработуваат на незаконски начин и целта на нивна обработка е исполнета;
⮚ на ограничување на обработката на личните податоци, ако ја оспорувате нивната
точност за време кое е потребно да се провериме нивната точност, обработката е
незаконска но се спротиставувате на нивно бришење и барате ограничување на нивната
употреба, нема потреба да бидат повеќе зачувани од наша страна, но се потребни
остварување на ваши правни барања, се спротиставувате на нивната обработка врз
основа на наши легитимни интереси се додека не се потврди дека истите преовладуваат
над Вашите интереси како субјект на лични податоци;
⮚ на приговор за обработката на личните податоци кога тие се обработуваат врз основа на
наш легитимен интерес. Во секое време имате право на приговор за обработката за
директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг;
⮚ на преносливост на податоците, односно да ги добиете Вашите лични податоци во
структуиран машински читлив формат или да бидат пренесени на друга компанија, а
кои се обезбедени на автоматизиран начин, врз основа на договор или ваша согласност.
Пренос на лични податоци
Вашите лични податоци се чуваат на територијата на Република Северна Македонија. Личните
податоци не се пренесуваат во трети држави надвор од Европската Унија или Европскиот
економски простор.
Доколку во исклучителни ситуации Вашите лични податоци се пренесат во трети држави
надвор од границите на Европската Унија или Европскиот економски простор ќе преземеме
соодветни мерки да обезбедиме дека при преносот се применува соодветно ниво на заштита на
личните податоци, преку склучување на договори за обработка на личните податоци
(стандардните договорни клаузули издадени од Европската Комисија или од Агенцијата за
заштита на личните податоци, други договорни клаузули или заштитни механизми).
Чување на личните податоци
Личните податоци ги чуваме само онолку колку што е потребно за да можеме да Ви ја
обезбедиме побараната услуга/и или за да ги задоволиме комерцијалните и законските
обврски. При определување на периодот (рокот) на чување земаме во предвид неколку
критериуми со цел да обезбедиме дека не ги чуваме Вашите лични податоци подолго од
потребното.
При утврдување на критериумите ги земаме во предвид:
✔ Законските и регулаторните обврски поврзани со тие лични податоци, на пример
обврски кои произлегуваат од финансиското работење и поднесување финансиски
извештаи,
✔ Законските обврски за чување на личните податоци за пациентите согласно Законот за
евиденции во областа на здравството, Законот за здравствено осигурување и
исполнување на обврските по договорот со Фондот за здравствено осигурување,
✔ Траењето на облигациониот однос кој го воспоставуваме при реализирање на деловните
односи.
Вашите лични податоци најчесто ги чуваме за времетраењето на нашата договорна врска кога
купувате производи и услуги. Во случај кога сте се согласиле за добивање на директен
маркетинг личните податоци ги чуваме се додека Вие не побарате да ги избришеме Вашите
лични податоци или се додека не ја повлечете согласноста за добивање на маркетинг
комуникација.
Заштитни мерки
Безбедноста на Вашите лични податоци за нас претставува приоритет и ние сме целосно
посветени на заштита на личните податоци што ги чуваме и обработуваме. Имаме спроведено
сеопфатна програма за безбедност на податоците која вклучува пишани политики, процедури и
безбедносни контроли, како и разумни организациски, технички и физички мерки во обид да
ги заштитиме личните податоци од неовластен пристап, употреба, губење, измена и откривање
во согласност со позитивната законска и подзаконска регулатива за заштита на лични
податоци.
Автоматизиран процес на одлучување, профилирање
Не вршиме автоматизирано донесување одлуки или профилирање при обработката на личните
податоци за цели на обезбедувањето на нашите услуги наведени погоре.
Право на приговор
Доколку сметате дека Ви е повредено правото на заштита на личните податоци или имате било
каков приговор кон обработката на личните податоци имате право да поднесете приговор до
Агенцијата за заштита на личните податоци („АЗЛП“). Ова право можете да го остварите
преку поднесување на Барање до АЗЛП, преку следниот контакт e–mail: [email protected] или со
посета на нивната веб страна: https://dzlp.mk/prizlnlp.
Ажурирање на политиката на приватност
Го задржуваме правото, повремено да ја ажурираме оваа Политика за приватност. Било какви
измени во оваа политика за приватност ќе влезат во сила на денот на објавувањето на веб–
страницата.
Скопје, мај 2023 година