Специјалист офталмолог и хирург
Златко Арнаудовски е роден 1959 година во Скопје С. Македонија.
Дипломира на Медицинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во 1986 година. Во 1994 година специјализира офталмологија и се здобива со титулата – специјалист oфталмолог. Во меѓувреме од 1988 година вработен e во Клиниката за очни болести во Скопје а од 1991 година станува асистент по предметот офталмологија при Медицинскиот факултет. Од 1998 година своето знаење и искуство го надополнува како Шеф на кабинетот за болести на предниот сегмент на окото и кератопластика. Во 2007 година е Шеф на операциониот блок на клиника за очни болести a во 2009 година е именуван за директор на Клиниката за очни болести во Скопје.
Од 2010 година д-р Златко Арнаудовски се вклучува на тимот на „Систина Офталмологија“ како медицински директор и катарактен хирург додека пак од 2024 започнува со работа и во Промедика Офталмологија.
Македонска лекарска комора;
Асоцијација на офталмолози на Македонија;
Член на Асоцијацијата на хирурзи за катаракта на Хрватска и Србија;
Европско здружение за катарактна и рефрактивна хирургија;
Здружение на источнa Европа за катаракта и рефрактивна хирургија и
Европско здружение на офталмолози.
Стручно усовршување за хируршко решавање на заболувања на солзниот апарат и дакриоцисториностомија
Белград 1995 година – Воведување на методот на дакриоцисториностомија на Клиниката за очни болести
Скопје 2003 година – Стручно усовршување за хирургија на катаракта со метод на факоемулзификација
Љубљана 2004 година – Меѓународен сертификат за самостојно изведување операција на катаракт со метод на факоемулзификација и воведување на методот на Клиниката за очни болести
Скопје 2005 година – Курс за ултразвучна дијагностика
Стручни престои на клиниките за очни болести во Белград
Љубљана
Милано
Будимпешта
Софија
Лисабон
Барселона
Варна
Венеција
Загреб и др.