Специјалист офталмолог и хирург
Д-р Ивана Петковска родена во Охрид има завршено медицински студии и специјализација по офталмологија на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје.
Својата едукација ја продолжува на Докторски студии на истиот Универзитет.
Работно искуство како офталмолог го започнува на очното одделение при ГОБ “8-ми Септември” во Скопје каде 7 години активно се занимава со дијагностика на очните заболувања и хирургија на катаракта.
Учесник е на голем број домашни и меѓународни конгреси на кои зема активно учество исто така автор и коавтор е на голем број трудови публикувани во домашни и светски признаени списанија.
Поседува меѓународно признаени сертификати за завршена едукација во областа на хирургијата на катаракта и задниот сегмент на окото