Специјалист офталмолог и хирург
Викторија Филева е родена 1985 година во Охрид, С. Македонија. Дипломира на Медицинскиот факултет, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Од 2010 година специјализира офталмологија на Клиниката за очни болести при Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“. Дел од своите студии ги поминува во Германија како грант стипендист за специјализација на Клиниката за офталмологија при Универзитетскиот клинички центар во Либек. Во 2015 година, официјално се здобива со титулата – специјалист oфталмолог.
Работи во „Систина Офталмологија“ од 2015 а од 2024 е и дел од тимот на Промедика Офталмологија.
2011 година Белград – Курс за глауком „Оптички нерв кај глауком“
2015 година Загреб – Едукација на Одделот за рефрактивна хирургија при Универзитетската очна клиника „Свјетлост”
2016 година Загреб – Едукација на Одделот за педијатриска офталмологија и страбизам при Универзитетската очна клиника „Свјетлост”
XXXIII Конгрес на Српско офталмолошко друштво 2012 година - Постер презентација „Евалуација на солзен менискус со AS- OCT”
X Конгрес на SEEOS Охрид 2013 година - Постер презентација „Евалуација на пациенти со кератоконус со помош на AS-OCT“
Презентација на случај „Ретробулбарни орбитални тумори”
XII Собир на хрватското здружение за катарактни и рефрактивни хирурзи Загреб 2016 година - Дивергентен страбизам и хируршки третман”- приказ на случаи.