Специјалист офталмолог и хирург
Др. Наум Трпеноски специјализира офталмологија на клиниките за очни болести во Скопје и Белград Србија. По потекло е од Вевчани и е горд на своето потекло.
Работи 12 години во ГОБ 8 Септември и е пионер на операцијата за катаракта со ултразвук во државното здравство.
2010 година октомври ја прави првата операција на катаракта со фако метода во државното здравство.
2012 година ја прави првата фако операција во MЦ Битола како и првите фако операции во Струмица каде оперира 3 години.
Работи фако операции и обуки на колегите и во медицинските центри од Куманово Прилеп и Штип.
Предавач е по повик на ВМА во Белград.
Основач е и претседател на Макарекс Македонското здружение за катаракта и рефрактивна хирургија.
Магистер е по здравствен менаџмент и доктор на науки од област на медицина - биомедицина.
Во својата кариера има оперирано преку 10000 пациенти од катаракта.