Флуоресцинската ангиографија претставува снимање на очното дно со специјална камера при кое се користи интравенски контрастна материја Флуоресцин /и или Индоцијанин за визуализација на крвните садови во фундус . Помага во дијагностика на болести и состојби во задниот дел на окото поврзани со циркулаторни , дегенеративни или воспалителни процеси во фундус.
Апаратот има можост и за обична нативна снимка на очно дно како и со серија од снимки со контраст .
Користи три филтри:
- Зелен –за садови
- Црвен- хороидеа
- Плав- RNFL
Претставува инвазивна дијагностика и секако се прави во исклучителни случаи при индикација дадена од офталмолог.