OCT представува модерна диагностичка неинвазивна метода, представена за прв пат во клиничната практика во 1997 год. со која се испитуваат ткивата in vivo. Се базира на комплексни анализи на рефлексија на ниско кохерентна радиација (паралелни светлосни зраци влегуваат во окото и се рефлектираат различно во зависност од состојбата на ткивото кое подлежи на испитување и неговите патолшки промени).
Промедика офталмологија , располага со Оптичен кохерентен томограф модел Cirrus HD OCT –Zeiss Meditek .
Зошто Cirrus OCT –Zeiss ?
- Oптичко кохерентен томграф чии резултати се признаваат за клинички испитувања.
- Висока резолуција која дозволува визуализација на ретиналните слоеви “in vivo “, слична на хистолошки наод л.1
- Има софтвер и за преден и за заден очен сегмент .
- Има FDA-(Food and Drug Administration) одобрување за точноста на податоците добиени за NFRL- невроретинален фибриларен слој и за скен на оптичкиот диск на папилата ( оценка за екскавацијата ) .Резултатите од OCT ( анатомски) за Глаукома корелираат со физиолошките промени константирани со HFA-Humphery Field Analizer ( компјутерна периметрија ) само кога е уништен веќе 30% од NFRL ( во практика анализата на RNFL дава можност да се види анатомска промена пред да настане физиолошката промена .