Добро е познато дека сувото око е мултифакторна болест.
Rexon-Eye® е единствениот уред базиран на QMR® технологија (Квантна молекуларна резонанца) за третман на сите форми на синдромот на суво око.
Работи со примена на електрични полиња со ниска моќност и висока фреквенција, способни да го стимулираат метаболизмот и природната регенерација на клетките на лакрималните и мејбомовите жлезди. Со стимулирање на метаболизмот и природната регенерација на овие клетки, Rexon-Eye може да го врати нивното правилно физиолошко однесување. Терапијата Rexon-Eye е неинвазивна и не предизвикува никаква болка или нелагодност. Процесот се изведува во 20-минутни сесии, во кои очите се стимулираат поединечно, наизменично на секои 30 секунди.Потребни се 4 сесии, еднаш неделно, во вкупен период од 4 недели.
Rexon-Eye® бара физиолошко време за реактивирање на клетките, период во кој организмот исто така така треба да се подготви за процесот на заздравување, за да се добијат ефективни и долготрајни резултати.