Новиот гониоскоп NIDEK GS-1 е автоматизиран уред за гониоскопија кој обезбедува автоматско прикажување во боја на 360° од иридокорнеалниот агол. NIDEK GS-1 брзо снима квалитетни слики во боја од целиот агол на предната комора и структурите во неа, користејќи гонио- објектив од 16 огледала. Самото фотографирање трае околу 16 секунди по око, а целиот процес, вклучувајќи го и поставувањето, трае околу две минути по пациент.
Гониоскопот NIDEK GS-1 снима повеќе слики за секој сегмент од целиот агол на различни фокусни рамнини и автоматски ја користи најдобрата слика од секој сегмент за на крај да даде комплетен приказ на целиот агол. Може да се користи неограничен број пати, а фотографии добиени од GS-1 може да се прикажат еден сегмент од аголот, целата циркумфренца или линеарен приказ.
Процедурата е безболна, неконтактна, едноставна и кратко трае. Самиот уред има LCD екран на кој јасно се гледаат структурите на иридокорнеалниот агол, а фотографските записи понатаму се корстат за следење на пред или постоперативни состојби на окото.
Јасно е дека овој уред ќе направи револуција во гониоскопијата во офталмологијата.