YAG- ласер капсулотомијата е вид на ласерска интервенција на очите што се користи за лекување на специфична состојба која се јавува кај пациентите по операцијата на катаракта, позната како заматување на задната капсула (PCO). Овој проблем е предизвикан од заматување на ткивото на природната капсуларна вреќичка која останува во окото после операција на катаракта и во која се имплантира интраокуларната вештачка леќа. Самата процедура е безбедна и безболна, се изведува во амбулантски услови, кратко трае околу 3-5 минути, и дава одлични резултати. По самата интервенција пациентите често даваат податок дека гледаат “мушички” кои летаат во видото поле, што е нормален процес и поминува за неколку дена, под дејство на локалната терапија во вид на капки која им се дава на пациентите.