Сувото око е особено честа болест која влијае на здравјето и квалитетот на живот на милиони луѓе ширум светот. LacryDiag е aнализаторот на окуларната површина ,кој нуди брза, целосна дијагностика на трите слоеви на солзниот филм( воден, липиден и муцински слој). Инфрацрвената мејбомографија е метод што се користи за јасно визуелизирање на состојбата и дисфункција на мејбомовите жлезда. Обезбедува автоматско пронаоѓање и квалитативна и квантитативна анализа на мејбомовите жлезди на долнте и горните очни капаци, како и јасен приказ на каналите на самите жлезди и на крај софтверска класификација на нивото на нивна дисфункција. Прецизната дијагностика на причините за појава и разој на симптомите на суво око се од особена важност при изборот на соодетен третман.
Со LacryDiag на пациентите им нудиме персонализиран и ефективен третман уште од првата посета, со графички и сликовит приказ за резултатите од дијагнозата и третманот. Особено корисен за визуелизација на окуларната површна по операција на катаракта и рефрактвна хирургија, како и кај носачи на контактни леќи.