Д-р Наум Трпеноски
Др. Наум Трпеноски специјализира офталмологија на клиниките за очни болести во Скопје и Белград, Србија. Работи 12 години во ГОБ 8 Септември и е пионер на операцијата за катаракта со ултразвук во државното здравство. Ја прави првата операција со ултразвук во државното здравство во Македонија на 6 октомври 2010 година, во Градската општа болница 8 Септември, Скопје. Потоа ги прави првите операции на катаракта со ултразвук во Битола, Куманово и Струмица. Извршува операции и во болниците во Прилеп и Штип. Магистер е по здравствен менаџмент и доктор на науки од област на медицина - биомедицина. Во својата кариера има оперирано преку 10,000 пациенти од катаракта. По потекло е од Вевчани и е горд на своето потекло.
Медицинскиот факултет го завршил во Скопје. Истиот го нострифицирал и на Медицинскиот факултет во Белград.
Специјализирал офталмологија на клиниката “ Џорџе Нешич” во Белград како и на Клиниката за очни болести во Скопје.
Работно искуство има во Воената болница во Скопје 12години.
Пионер е на хирургијата на катаракта со ултразвук односно фако метода.
2010 година октомври ја прави првата операција на катаракта со фако метода во државното здравство.
2012 година ја прави првата фако операција во MЦ Битола како и првите фако операции во Струмица каде оперира 3 години.
2021 година - Доктор на науки од областа на медицина - биомедицина.
Работи фако операции и обуки на колегите и во медицинските центри од Куманово Прилеп и Штип.
Предавач е по повик на ВМА во Белград.
Основач е и претседател на Макарекс Македонското здружение за катаракта и рефрактивна хирургија.
Поле на интерес му се хирургијата на катаракта и глауком.
1
Пионер на операција на катаракта
15000+
извршени операции
1
Прва операција со фако метода во македонското државно здравство
18+
години работно искуство