ZEISS VISULAS YAG III + LASER PHOTOCOAGULATION
Технологија

ЛАСЕР 532nm РЕТИНАЛЕН ЛАСЕР ZEISS MEDITEK
Ретинален ласер кој се користи при состојби во заден сегмент на окото, при кој истиот прави ласер печати(фотокоагулати) на ретината и се користи при следните најчесто состојби
Дијабетна ретинопатија,
Периферни дегенеративни промени на ретината и други промени на ретината
532nm ласерот прави:
Хомоген печат при панретинална лфк (по малку болно или не е болно споредбено со аргон ласер) коаксијален ласерски зрак на оптичката система , па затоа ласерот е секогаш во центар на оптичката система и спокојно се работи во периферија (нема можност поради лекарска грешка да стани проблем во периферија) промената на моќноста е со стапка 10 mW, што дозволува прецизно регулирање на моќността (другите ласери се со стапка 20mW, 50 mW.
Ласерскиот печат е со фиксирани размери(големина) 50nm, 100nm, 200nm, 500nm, 1000 nm, што дозволува прецизна контрола во големинатата на печатот.(овде да се земе и во предвид каква контакт лупа се користи заради коефициентот на магнификацијата на лупата).
ND YAG LASER – ZEISS MEDITEK
Неодиумиовиот Јаг ласер има дисруптивен ефект.
Неговите својства се користат за капсулотомија на задна капула (секундарна катаракта или познато како фиброза на задна капсула) раскинување на предни синехии (синехиотомии) иридотомии.
Распределбата на енергија е супергаус (дијаметарот на печат во фокус е близу до теоретскиот минимум, па како резултат на тоа енергијата за добивање на дисруптивниот ефект при капсулотомија е под 1 mj. Поради супер гаус има силна локализација на енергија т.е. е единствен ласер во светскиот пазар кој има фиксирано поместување на ласерниот фокус спрема оптичниот фокус на -150mikrometra , 0 , -150 mikrometra Тоа дозволува без проблем да се направи ласер капсулотомија без да се повреди интраокуларната леќа .Дозволува да се раскинат предни синехии без да се повреди интраокуларната леќа.
Единствен ласер на светски пазар со 4 точков систем на фокусирање (при астигматизам може да се направи необходната корекција).
Единствен со 2 истрела во секунда.
Единствен на пазар со степен на увеличување 0.2 mj ( во цел енергетски дијапазон).
Означува дека енергијата може да се пресмета прецизно за да се намали енергетското оптоварување на окото.