HMC – Штом ќе отворите очи наутро посегнувате по очилата? Ако е така, тогаш веројатно очилата ги носите постојано од утро до вечер. Продолжете го нивното траење и функционалност со избор на hard multi coated-HMC слој кој е аплициран на двете страни на диоптриското стакло и го штити од секојдневното оштетување при носењето. Советувајте се со нашиот тим за изборот на диоптриско стакло согласно вашите потреби и животни навики.
HSC – Ако на телото му треба СПА третман за се опушти и избори со последиците на модерното време, и на очите им треба удобност при гледањето додека сте во вашето динамично секојдневие. SILKEN SUPER HYDROPHOBIC со повеќеслоен заштитен слој кој го намалува отсјајот од површината на диоптриското стакло, има отпорност на гребнатини, антистатик, одбива задржување на вода и маснотии со што ги прави очилата лесни за одржување. Советувајте се со нашиот тим за изборот на диоптриско стакло согласно вашите потреби и животни навики.
BLUE – Ако минувате долго време пред компјутер, таблет или телефон, тогаш сигурно сте почувствувале:
• Замор;
• Сувост или црвенило на очите;
• Чувствителност на светлина.
Заштитете ги вашите очи со BLUE филтер диоптриското стакло кое има способност да го апсорбира штетното UV зрачење до 420nm без да направи промена во перцепцијата на боите во средината која ве опкружува.