ME+
Ласерска корекција
на диоптрија
Секоја година, илјадници пациенти започнуваат нов живот без очила и леќи. Со ME+ ласерската корекција на диоптрија се ослободувате од лимитите и кажувате збогум на диоптријата!
Имате диоптрија и сте помеѓу 18-40 годишна возраст? Ослободете се од очилата брзо и безболно!
✔ Безболна, едноставна и безбедна интервенција
✔ Брзо опоравување и враќање на секојдневните обврски по неколку дена
✔ Врвна технологија и искусен тим на хирурзи
Што е МЕ+ ?
Ласерска корекција на диоптрија е најпопуларната метода за корекција на диоптрија која се користи во светот повеќе од 30 години и на светско ниво се извршени повеќе од 40 милиони интервенции.
МЕ+ е ласерска техника за лекување на миопија, хипетропија и астигматизам. Со овој хируршки третман можете да гледате на различни растојанија, додека вашата миопија, хиперопија или астигматизам се третираат во една процедура!
Дали сум кандидат?
Со ласерската корекција на диоптрија се корегира/отстранува ‒10 до +6 и ±6 астигматизам (цилиндер). Возрасната граница е од 18 до 40 години и минимум една година стабилна диоптрија. За да се утврди дали сте кандидат за ласерската корекција на диоптрија, потребно е да закажете преглед за ласерска корекција на диоптрија.
Тим од искусни експерти
Најсовремена технологија
Брзо опоравување
Најсовремена технологија
Промедика Офталмологија е опремена со најсовремената апаратура и технологија во регионот и е воедно првата и единствена очна болница во регионот која ја изведува ласерската корекција на диоптрија со најнапредниот TENEO 317 ласер.
NO TOUCH (trans PRK) TECHNOLAS TENEO 317 е иновативна технологија со WOW ефект кој овозможува максимална прецизност со брзиот eye tracker за детекција и на најфините движења на очите обезбедувајќи во секој момент совршено прецизно центрирање.
Што да очекувате на денот на интервенцијата?
Предоперативната подготовка трае околу 20 минути. Во овој период се прави повторна проверка на состојбата на видот и окото на пациентот. Офталмологот повторно ги објаснува чекорите на интервенцијата. Откако ќе поврди дека се е во ред, се капат анестетски капки (локална анестезија во вид на капки со кои пациентот не чувствува никаква болка) и потоа пациентот влегува во операционата сала.
Интервенцијата во операционата сала трае 5 минути по око. Таа е комплетно безболна и пациентот е буден и разговара со офталмологот и ги следи неговите насоки. На окото се става држач – оваа постапка е исто така безболна, но можеби малку некомфорна. Таа служи да се задржат очните капаци. Пациентот има чувство дека трепка, иако тоа не го прави поради држачот.
Со Teneo 317 ласерот се корегира/отстранува 1 диоптрија за 1 секунда и пациентот добива супервид кој е подобар од видот со очила иликонтактни леќи. Нашиот искусен хирушки тим, деталниот предоперативен преглед на кој се утврдува дали сте кандидат и современата технологија се гаранција за успех на вашата ласерската корекција на диоптрија.
ВИД ПРЕД И ПО ЛАСЕРСКАТА КОРЕКЦИЈА НА ДИОПТРИЈА
Најчесто поставувани прашања:
Дали со ME+ ласерската корекција на диоптрија се отстранува цилиндарот?
Да, ласерот отстранува до +6 цилиндар.
Може ли да ослепам по интервенцијата?
Самата постапка за отстранување на диоптријата се изведува на површината на окото (на рожницата), а сите центри за вид се наоѓаат во задниот дел на окото, така што нема можност ласерот да предизвика слепило. Ласерот работи на принцип на ладно испуштање на светлина што не може да го оштети околното ткиво или да навлезе подлабоко во окото отколку што е потребно.
Дали летното време е пречка за да ја направам интервенцијата?
Не, напротив – летото е идеално време да ја направите ласерската корекција на диоптрија. Сите сакаме да имаме спонтано лето без да размислуваме дали сме ги земале очилата или контакните леќи па затоа голем број од нашите пациенти одлучуваат да ја направат интервенцијата во летниот период.
Можам ли да вежбам по интеревенцијата?
По интервенцијата две до три недели, можете да започнете со лесни вежби како што се трака за трчање, возење на статичен велосипед, но сепак, треба да се внимава потта да не ви влезе во очите. По еден месец можете да пливате во море или базен. Потешко физичко вежбање, како што е теретана или контактни спортови можете да започнете еден месец по интервенцијата.
Дали можам да ја направам интервенцијата после 40-та година, и доколку не, кое решение би ми го понудиле?
По четириесеттата година се развива пресбиопија или старечка далековидост, која е дел од природниот процес на стареење на окото. Ако дотогаш сте гледале добро или се далековиди, наеднаш почнува да ви слабее видот на близина, т.е. „рацете ви стануваат кратки“. Последователно, почнува да слабее и видот на далечина. Поради овој процес ласерската корекција не е соодветно решение, затоа што може да се појави и почетна катаракта. Кај овие пациенти има друго решение – имплантација на мултифокални интраокуларни леќи