Skip to content

Билјана Костовска

Специјалист офталмолог и хирург

Кратка Биографија

Костовска Билјана е родена 1973 година во Скопје, С. Македонија, каде го завршува основното и средното образование со одличен успех. Дипломира на Медицинскиот факултет, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Од 2001 до 2005 година специјализира офталмологија и се здобива со титулата – специјалист oфталмолог.
Асистент при Медицинскиот факултет од 2005 година до 2009 година. Работи на Универзитетска очна клиника од 2000 до 2010 година на Одделот за преден сегмент. Од 2010 работи во „Систина Офталмологија“ и е со посебен интерес и придонес во рефрактивната хирургија.

Членство

  • Македонска лекарска комора;
  • Асоцијација на офталмолози на Македонија;
  • Европско здружение за катаракта и рефрактивна хирургија;
  • Здружение на источно Европа за катаракта и рефрактивна хирургија и
  • Европско здружение на офталмолози.

Дополнителни Едукации

Посетува многубројни едукации како во земјата така и во странство. Некои од нив се:

  • 2007 Moorfield hospital, Лондон, како стипендист на Европска асоцијација на офталмолози, на одделот за хирургија на катаракта;
  • 2010 Oertli course, Факоемулзификација и витреоретинална хирургија, Швајцарија;
  • 2010-2012 Катарактна хирургија, проф. д-р Владимир Фајфер
  • 2012 Alcon course, Факоемулзификација и витреоретинална хирургија, Бугарија
  • 2013-2014, Витреоретинална хирургија проф. д-р Ива Петкова
  • 2014-2015 Витреоретинална хирургија, проф. д-р Зоран Томиќ, Милош Клиника, Београд;
  • 2015-2018 Витреоретинална хирургија, проф. д-р Ратко Лазиќ;
  • 2015-2018 LASIK, импплантација на факични леќи мултифокални и торични леќи, очни трауми проф. д-р Никица Габриќ, Клиника Свјетлост, Загреб.

Публикации и Истражувања

Автор и коавтор е на над 130 научни трудови. Дел е од стручна редакција на книгите:

  • „Основи на Офталмологија“ од д-р Синтија А. Бредфорд и
  • „Клинички постапки при очен преглед“ од Ненси Б. Карлсон и Даниел Курт.

Учество на конференции

Зема активно учество на национални и меѓународни конференции. Некои од нив се:

  • XIV Конгрес на Европско здружение на Офталмолози, Мадрид 2003
  • Суво око на пациенти со диабетес;
  • Преваленца на Сјогрен синдром кај хроничен хепатитис Ц.
  • XXXIV Конгрес на Европско здружение за рефрактивни и катарактни хирурзи, , Копенхаген 2016
    година
  • Витректомија и секундарна имплантација на леќи, по компликација на факоемулзификација.
  • XXXV Конгрес на Европско здружение за рефрактивни и катарактни хирурзи, Лисабон 2017 година
  • Компрација на видната острина по две методи – Ласер кератомиелинизација и ICL.
  • VIII Медитерански ретина собир, Дубровник 2019 година
  • Орална презентација за Значењето на тромбофилија скринигот кај млади пациенти со оклузија на
    ретиналната вена.

Консултација со нашите врвни специјалисти?

0800 301 30