
Во текот на мај 2025 година, нашата докторка Ивана Петковска беше дел од престижниот едукативен настан The ABC of Toric IOLs and Astigmatism Management 2.0 (1st edition) – специјализиран курс за современо управување со астигматизам и имплантација на торични интраокуларни леќи (IOLs), наменет за катарактна хирургија.
Присуството на Д-р Ивана Петковска на курсот „The ABC of Toric IOLs and Astigmatism Management“ во Барселона беше важен чекор за унапредување на нејзиното знаење во катарактна хирургија. Преку оваа едукација, се стекна со нови вештини за прецизна имплантација на торични интраокуларни леќи, што е клучно за успешна катарактна хирургија кај пациенти со астигматизам.
Курсот, кој се одржа во текот на два дена, обедини водечки експерти во областа, со цел да ги споделат најновите знаења и практики во третманот на астигматизмот – од прецизни мерења и калкулации, до избор и правилна имплантација на торични леќи кај пациенти со различни клинички сценарија, вклучувајќи и оние со кератоконус или претходни корнеални интервенции.
Клучни теми што беа опфатени:
-Индикации и контраиндикации за употреба на торични IOLs
-Калкулација на силина и оската на цилиндричната компонента
-Управување со астигматизам кај пациенти со пресбиопија
-Совети и техники за имплантација и минимизирање на ротација
-Постоперативна проценка и решавање на преостанат рефрактивен астигматизам
-Информации за различни платформи на торични леќи: enVista®, Aspire, Luxsmart за катарактна хирургија
-Иновативни пристапи како IC-8® леќа со мала апертура за комбинирано решение за астигматизам и пресбиопија
Зошто ова е важно за нашите пациенти?
Со континуирано професионално надградување и учество на меѓународни едукации, нашите лекари остануваат во чекор со најсовремените техники и технологии. Тоа значи повисок стандард на грижа, попрецизна хирургија и подобри резултати за секој наш пациент.
Д-р Петковска ќе го имплементира наученото директно во секојдневната практика во Промедика Офталмологија, особено во делот на персонализирана хирургија за корекција на астигматизам – нешто што станува сè поважно при модерната катаракта хирургија и при изборот на премиум леќи.
