Катаракта хирургија на повисоко ниво – искуства од Барселона

Во текот на мај 2025 година, нашата докторка Ивана Петковска беше дел од престижниот едукативен настан The ABC of Toric IOLs and Astigmatism Management 2.0 (1st edition) – специјализиран курс за современо управување со астигматизам и имплантација на торични интраокуларни леќи (IOLs), наменет за катарактна хирургија.

Присуството на Д-р Ивана Петковска на курсот „The ABC of Toric IOLs and Astigmatism Management“ во Барселона беше важен чекор за унапредување на нејзиното знаење во катарактна хирургија. Преку оваа едукација, се стекна со нови вештини за прецизна имплантација на торични интраокуларни леќи, што е клучно за успешна катарактна хирургија кај пациенти со астигматизам.

Курсот, кој се одржа во текот на два дена, обедини водечки експерти во областа, со цел да ги споделат најновите знаења и практики во третманот на астигматизмот – од прецизни мерења и калкулации, до избор и правилна имплантација на торични леќи кај пациенти со различни клинички сценарија, вклучувајќи и оние со кератоконус или претходни корнеални интервенции.

Клучни теми што беа опфатени:

-Индикации и контраиндикации за употреба на торични IOLs

-Калкулација на силина и оската на цилиндричната компонента

-Управување со астигматизам кај пациенти со пресбиопија

-Совети и техники за имплантација и минимизирање на ротација

-Постоперативна проценка и решавање на преостанат рефрактивен астигматизам

-Информации за различни платформи на торични леќи: enVista®, Aspire, Luxsmart за катарактна хирургија

-Иновативни пристапи како IC-8® леќа со мала апертура за комбинирано решение за астигматизам и пресбиопија

Зошто ова е важно за нашите пациенти?

Со континуирано професионално надградување и учество на меѓународни едукации, нашите лекари остануваат во чекор со најсовремените техники и технологии. Тоа значи повисок стандард на грижа, попрецизна хирургија и подобри резултати за секој наш пациент.

Д-р Петковска ќе го имплементира наученото директно во секојдневната практика во Промедика Офталмологија, особено во делот на персонализирана хирургија за корекција на астигматизам – нешто што станува сè поважно при модерната катаракта хирургија и при изборот на премиум леќи.

Историски чекор во македонската офталмологија: Првата имплантирана АИ-интраокуларна леќа во Промедика

Горди сме што стоиме зад уште едно пионерско достигнување во македонската офталмологија! Нова технологија во офталмологијата и историски чекор за македонското здравство:
Д-р Наум Трпеноски го изведе првото имплантирање на интраокуларна леќа создадена со вештачка интелигенција (AI) – технологија која претставува револуција во хируршкиот пристап кон корекција на видот и катарактната хирургија.

Првата АИ леќа во регионот – иновација со печат од Rayner

Оваа иновативна леќа е производ на светски познатата британска компанија Rayner, истата компанија што уште во 1949 година ја создаде првата интраокуларна леќа во светот. Станува збор за нова технологија во офталмологијата.
Со оваа интервенција, Д-р Трпеноски стана првиот хирург во регионот што успешно имплантирал леќа произведена со помош на вештачка интелигенција – технологија која овозможува прецизна персонализација според потребите на секој пациент.

Признание од светски лидер во офталмологија

За ова медицинско достигнување, Д-р Трпеноски доби официјално признание од компанијата Rayner, што дополнително го потврдува високиот професионален стандард на нашиот тим и клиниката Промедика Офталмологија.

Успешна операција и одличен резултат за пациентот

Операцијата беше изведена во нашата болница со најсовремена опрема, во стерилна и контролирана средина, и помина успешно. Пациентот изрази огромно задоволство од резултатот – значително подобрен и јасен вид, благодарение на прецизноста на новата технологија.

Промедика – лидер во иновации и грижа за видот

Во Промедика Офталмологија постојано инвестираме во најновата медицинска технологија, иновативни решенија и стручни кадри. Нашата мисија е да ги поместуваме границите во офталмологијата и да им овозможиме на пациентите светско ниво на нега и третман, тука, дома.

Д-р Ивана Петковска учествуваше на едукација за хирургија на ретина во Швајцарија

Д-р Ивана Петковска учествуваше на едукација за хирургија на ретина во Швајцарија

Д-р Ивана Петковска учествуваше на едукација за хирургија на ретина во Швајцарија

Од 04-05.04.2025, Д-р Ивана Петковска од Промедика Офталмологија учествуваше на курс за хирургија на ретина, организиран во соработка со Bausch & Lomb. Курсот се одржа во ESASO центарот за обука во Лугано, Швајцарија, каде се разменуваа искуства и нови методи за третман на дијабетична ретинопатија, макуларна дегенерација и ретинални дупки.

Со учеството на овој курс, Д-р Петковска ја подобри својата стручност за примена на најновите технолошки иновации во офталмолошката хирургија и продолжува да ги подига стандардите на Промедика Офталмологија.