Ласери за третман на преден сегмент на окото

  1. СЛТ ласер или Селективна ласер трабекулопластика
    СЛТ е ласер за третман кој овозможува безбедна редукција на очниот притисок кај пациенти со глауком. Служи да помогне на одведување, истекување на очната вода, со што се намалува очниот притисок. Метода е која се изведува на трабекулумот, значи на одводните патишта во окото и има ефект само на пигментираните клетки во трабекулумот. Со тоа, не го оштетувва ткивото и може да се повторува повеќе пати.
    Најчесто се користи кај пациенти кои и покрај максималната терапија со капки имаат покачен очен притисок, но исто така може да е прва линија на тетман, кај глауком со отворен агол. За да се прескокне вклучување на терпаија со капки. Во 2019 та година, Ланцет објави студија во која СЛТ се предлага да биде прва линија на третман пред дасе дадат капки кај пациенти со новооткриен глауком. Ефектот се постигнува за 10-15 дена а трае околу 2-3 години.
    Самата процедура е амблулантска, пациентот седи на класична позиција за преглед биомикроскоп. Третманот трае околу 10 минути, а се преви преку специјална лупа која се наслонува на окото на пациентот.
    Дома пациентот добива една недела антиинфламаторни капки.
  2. Ласер процедура за пациентите кои имаат глауком со затворен агол е периферна ласертрабекулотомија. Неа ја изведуваме со ЈАГ ласер. Се изведува преку специјална лупа, така што се прават отвори на периферијата на ирисот. Низ тие отвори очната вода од задната комора на окото полесно оди кон предната комора на окото и одводниот систем. Навремен ласер на трабекулумот кај пациенти со тесен очен агол, спречува тешка компликација а тоа е акутен глауком со затворен агол. Овој тип на глауком настанува нагло,притисокот е многу висок, пациентите имаат болка во окото, главоболка, често и покачен крвен притисок со нагон за повраќање, па залутуваат на интерните клиника немасто на офталмологија. Ако не се лекува брзо, може да доведе до слепило, а ако се ласерира навремено може трајно да спречи појава на вакви напади на глауком.
  3. ЈАГ ласер капсулотомија е ласер метода која можеби е најпозната кај пациентите кои оперирале катаракта, а треба да ја објасниме и за пациентите кои ке оперираат катракта.
    Со операција на катаракта, се отстранува природната леќа, и се имплантира вештачка леќа, имплант. Кога има малку простор меѓу природната капсула каде е имплантран имплантот и имплантот тука може да се се создаде еден слој на клетки кој се вика секундарна катаракта. Тоа не е права катракта по втор пат, туку тенка мембрана на задната површина на имплантот. Со ласер метода, за која не е потребна ниту анестезија, се раскинува таа мембрана и повторно видот станува максимален. Процеудата трае 5 минути а ефектот е видлив веднаш. Повотрна појава на ваква секундарна катаратка кај веќе ласерирано око не е можна.

Ласери за третман на заден сегмент на окото

  1. Ласер за витреолиза. На сите ни се познати мушички во видното поле, но понекогаш кога настанува комплетна аблација на стаклестото тело, може да се појави една поголема матнина која пациентите ја опишуваат како мува или пајак вовидното поле. Матнината може да е и доста густа, и централно поставена и да пречи на видот постојано. Со ласер за витреолиза може да се раситни тој опацитет , таа матнина и да се помери кон периферно со што пациентите нема да ја приметуваат.
  2. Од ретиналните ласери она што може да се пофалиме дека први го имаме жолтиот микроулсен подпрагов ласер за третман на ретинални болести и особено важено макуларна патологија. Жолтиот ласер функционира на принципот на поттикување на клетките кон нивна регенерација.. па така не остата лузни на ретината, скотоми и нема ризици од компликации како неоваскуларизација. Жолтиот ласер е надополнување на анти ВЕГФ инекциите, посебно кај едем кој е отпорен на терапија, или со цел продолжување на интервалите на третман. Жолтиот ласер дава можност и за тетман на одредени болести на ретината за кои до сега немавме баш решение, како централна серозна хориоретинопатија.
  3. Зелениот ласер за ретина го викаме и стандарден ласер, а со него третираме пред се периферни ретинални дегенерации кои имаат ризик од руптура на ретина или руптури на ретианта. Го користиме и кај оклузии на ретинална вена, централна или гранка, ако имаме големи зони на исхемија, со цел да ја намалиме вкупната ретинална апотреба за анти ВЕГФ иенкции,.. кои секако се прва линија во третман на овие болести.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *