Доктори
Д-Р Наум Треноски
Специјалист офталмолог и хирург

Кратка Биографија
Др. Наум Трпеноски специјализира офталмологија на клиниките за очни болести во Скопје и Белград Србија. По потекло е од Вевчани и е горд на своето потекло.
Работно искуство
- Работи 12 години во ГОБ 8 Септември и е пионер на операцијата за катаракта со ултразвук во државното здравство.
- 2010 година октомври ја прави првата операција на катаракта со фако метода во државното здравство.
- 2012 година ја прави првата фако операција во MЦ Битола како и првите фако операции во Струмица каде оперира 3 години.
- Работи фако операции и обуки на колегите и во медицинските центри од Куманово Прилеп и Штип.
Дополнителни достигнувања
- Предавач е по повик на ВМА во Белград.
- Основач е и претседател на Макарекс Македонското здружение за катаракта и рефрактивна хирургија.
- Магистер е по здравствен менаџмент и доктор на науки од област на медицина – биомедицина.
- Во својата кариера има оперирано преку 10000 пациенти од катаракта.