Увеитис е воспаление на увеата, сместена помеѓу ретината и белката на окото. Воспалението на средниот дел на очното јаболко содржи голем број на крвни садови. Увеитисот може да го оштети виталното ткиво и да настане трајно губење на видот. Во зависност кој дел од увеата е зафатен постојат три типа на увеитис: преден, среден и заден.
Офталмолозите не секогаш знаат од што може да е настанато ова воспаление, често пати се порзува со претходни заболувања како што се херпес симплекс вируси, токсоплазма, системско воспалително заболување, ревматоиден артритис или лупус, повреди на окото.
Увеитисот може да се развие одеднаш, симптомите може да вклучуваат
- Црвенило
- Болка или без болка
- Фотофобија
- Заматен вид
- Гледање на дамки
При овие симптоми потребно е веднаш да го консултирате вашиот офталмолог.
Ова воспаление се третира локално со кортикостероиди и потребно е да се постигне мидријаза (ширење на зеница) за да се намали болката и отокот. Понекогаш потребна е и интравенска или перорална терапија.