Со нашата поволност “плаќање на рати” сега можете да ја направите интервенцијата која ви е потребна и да платите за истата подоцна. Учесникот/пациентот е потребно да плати 30% од вкупната сума најкасно до денот на интервенцијата, а останатите 70% од вкупната сума се распределуваат на 10 еднакви месечни рати. Оваа понуда важи за сите интервенции и може да ја користат сите пациенти кој имаат потешкотии со плаќање.
Поволноста “плаќање на рати” е со 0% камата, едноставна, брза и без никакви дополнителни или скриени трошоци. Исто така, поволноста не инволвира банка ниту ќе имате потреба да пополнувате никакви банкарски формулари ниту пак да платите билокакви банкарски провизии и трошоци.
Сите пациенти кои се заинтересирани да ја искористат оваа наша поволност, ќе имаат можност да го направат прегледот и самата интервенција во ист ден.
Доколку сте заинтересирани да направите некоја од интервенциите и да ја искористите поволноста “плаќање на рати”, може да не исконтактирате на 071 301 301. Нашиот тим ќе ви ги даде сите потребни информации и ќе ве спроведе низ целата процедура, за да вие го добиете јасниот вид кој го заслужувате со помош на нашата флексибилна поволност.