Хордеолум преставува црвена болна грутка која најчесто се наоѓа близу до работ на очниот капак, оваа грутка расте од основата на трепките или под очниот капак. Повеќето хордеолуми се предизвикани од бактериска инфекција и може да бидат надворешни кои започнуваат од основата на трепките и предизвикани од инфекција токму на фоликулот на трепката или внатрешни во очниот капак како резултат на инфекција на жлездите кои го создаваат масниот слој на солзниот филм (Меибомовите жлезди). Често пати хордеолумот се надоврзува на веќе присутен блефаритис кој ги прави очните капаци на дното на трепките црвени и отечени.
Халазионот за разлика од хордеолумот е безболна појава која се јаува поради зголемување на жлездата која го произведува масниот слој на солзниот филм (Меибомовите жлезди). Халазионот преставува испакнатина на очниот капак и може да започне како внатрешен хордеолум. Во почетокот можеби не сте ни свесни дека имате халазион (јачменик) бидејќи немате никаква болка, но како што истиот расте вашиот очен капак може да стане црвен, отечен, а понекогаш и нежен при допир. Доколку халазионот не се лекува навреме и неговиот раст постепено се зголемува ќе започне да го притиска окото т.е очниот капак ќе расте и оваа појава ќе резултира со постепено затворање на видното поле и намалување на видната острина.
За да се избегне инвазивниот (хируршки) третман кај пациентите навремената дијагноза е од голема важност, се со цел да се постигне неинвазивен третман со медикаментозна или со фотобиомодулациона терапија која е единствено достапна во Промедика Офталмологија.