Еye-Light® е револуционерно решение во третманот на суво око. На безболен начин, користејќи IPL технологија, ја стимулира работата на жлездите кои се одговорни за лачење на липидниот дел од солзниот филм. Ова доведува до стабилизирање на солзниот филм и подолго задржување на солзите на површината на окото.
Eye-Light® истовремено ги третира долните и горните капаци на очите. Претставува неинвазивен третман, за кој дури и не е потребно нанесување на гел за време на траење на самиот процес, благодарение на патентираниот и уникатен модул за ладење.
Освен за синдром на суво око, Eye-Light® третманот се користи и кај пациентите по направена операција на катаракта, рефрактивна операција, халазион, блефаритис, како и кај пост-блефаропластика.
• Како се изведува третманот со Eye-Light®?
Пред секој третман се прават посебни дијагностички испитувања за да имаме евиденција во состојбата и степенот на сувост на очите, а со тоа да можеме и да го евалуираме резултатот од самиот третман. Овие дијагностички испитувања траат кратко и се доста удобни и безболни за пациентот.
Третманот е целосно автоматизиран и започнува со само 5 безболни светлосни снимки (OPE/IPL) околу окото и на долниот очен капак, со што се предизвикува контракција на крвните садови, а со тоа се зголемува протокот на крв и се зголемува лачењето на антиинфламаторни цитокини.
Потоа следува третман со Meibomask®, кој е исто безболен третман и трае само 15min. Со овој третман се врши директна активација на Meibomian-овите жлезди, ЛЕД-матрицата предизвикува создавање на ендогена топлина и производство на ATP во очните капаци, се отстранува блокадата на жлездите и липидите го комплетираат составот на солзниот филм. Со подобреното присуство на липиди се спречува брзото испарување на солзите. Резултатите се видливи за пациентот уште по само првиот третман!