image

Нашиот тим

image

Др. Наум Трпеноски

Очен хирург

Понеделник до Петок

08:00 ч - 15:00 ч

Др. Наум Трпеноски

Очен хирург

Др. Наум Трпеноски специјализирал офталмологија на клиниките за очни болести во Скопје и Белград, Србија. Работи 12 години во ГОБ 8 Септември и е пионер на операцијата на катаракта со ултразвук во државното здравство.

Ја прави првата операција со ултразвук во државното здравство во Македонија на 6 октомври 2010 година, во Градската општа болница 8 Септември, Скопје. Потоа ги прави првите операции на катаракта со ултразвук во Битола, Куманово и Струмица. Извршуваше операции и во болниците во Прилеп и Штип. Магистер е по здравствен менаџмент и докторант на студии по биомедицина. Во својата кариера има оперирано преку 10000 пациенти од катаракта. По потекло е од Вевчани и е горд на своето потекло.

Достигнувања

  • Медицинскиот факулет го завршил во Скопје.Истиот го нострифицирал и на медицинскиот факултет во Белград.
  • Специјализирал Офталмологија на клиниката “ Џорџе Нешич” во Белград,како и на клиниката за очни болести во Скопје.
  • Работно искуство има во Воената болница во Скопје 12години.
  • Пионер е на хирургијата на катаракта со ултразвук,односно фако метода.
  • 2010 година,Октомври ја прави првата операција на катаракта со фако метода во државното здравство.
  • 2012 година ја прави првата фако операција во MC Битола како и првите фако операции во Струмица каде оперира три години .
  • Работи фако операции и обуки на колегите и во медицинските центри во Куманово,Прилеп и Штип.
  • Предавач е по повик на VMA во Белград.
  • Основач е и претседател на Макарекс,македонско здружение за катаракта и рефрактивна хирургија.
  • Поле на интерес му се хирургијата на катаракта и глауком

Нашиот Тим

shape

Ви го претставуваме нашиот професионален и посветен тим